Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГРЕКО: Усвојувањето на новиот Етички кодекс за лица кои вршат највисоки извршни функции е за поздравување

0
By Нова ТВ on April 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 27, 2021 10:52

Групата на земји против корупцијата на Советот на Европа (ГРЕКО) за петтиот круг на евалуација упати 23 препораки до Северна Македонија, и во својот извештај објавен официјално денеска во Стразбур, заклучува дека земјата на задоволително ниво спроведе четири препораки содржани во Извештајот. Од преостанатите препораки, девет се делумно имплементирани и десет не се имплементирани, јави дописникот на МИА.

Петтиот круг на евалуација на ГРЕКО се однесува на „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (лица на кои им се доверени највисоките извршни функции – ЛНИФ) и органите за спроведување на законот (ОСЗ).

„Во однос на највисоките извршни функции (лица кои вршат највисоки извршни функции), усвојувањето на новиот Етички кодекс за лица кои вршат највисоки извршни функции е за поздравување. Со него за прв пат се воведоа правила за интеракција на лица кои вршат највисоки извршни функции со лобисти и трети лица кои сакаат да влијаат на јавниот процес на одлучување.

Ревизијата на владината Уредба за прифаќање подароци во јавните институции, вклучително и централната власт, како и изготвувањето на Практичниот водич со јасни индикации до лицата кои вршат највисоки извршни функции за тоа како да се идентификуваат судирите на интереси, исто така претставуваат позитивни случувања. Членовите на владата се обучени за Кодексот, судир на интереси и други прашања кои се однесуваат на интегритетот.Како негативна забелешка, давањето на имплементацијата на Кодексот на однесување во рацете на Заменик-Премиер кој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршувања на Кодексот, не е прифатливо и не е компатибилно со практиката на ГРЕКО. Понатаму, загрижува постојаното отсуство на проценки на ризикот за интегритет и редовните проценки на влијанието на мерките за интегритет во централната власт. Иако во буџетот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се внесени значителни финансиски ресурси, таа сѐ уште не е целосно функционална и не може правилно да ги извршува своите должности според законите кои се на сила во моментот.

Посебна загриженост е значителниот број на судир на интереси и случаи на откривање на средства кои опфаќаат лица кои вршат највисоки извршни функции, обработени од ДКСК. Понатаму, не изгледа дека е спроведена соодветна анализа на практичната примена на санкциите за судир на интереси и други повреди на интегритетот, ниту пак дека овој режим на санкционирање е ревидиран за да се обезбеди дека ги исполнува предусловите за ефективност, пропорционалност и обесхрабрување. Во однос на агенциите за спроведување на законот (полицијата), позитивно е што информациите за буџетот, активностите, одлуките, управните постапки и јавните набавки на Бирото за јавна безбедност – една од најтајните владини структури – станаа подостапни на Интернет.

ГРЕКО исто така го поздравува опсежното вклучување на полицискиот персонал на различни нивоа, синдикатите и граѓанското општество во изработката на новиот Етички кодекс за полициските сили. Кодексот нуди соодветно практично упатство за очекуваното етичко однесување и регулира прашања како што се судир на интереси, помошно вработување, пријавување на неетичко однесување, итн. Се преземаат подготвителни чекори за воведување на тестирање на интегритетот за лица кои влегуваат во полицијата, како и полициски персонал во текот на целата нивна служба.

Надворешниот надзор на полициските сили од страна на Канцеларијата на Народниот правобранител и Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција изгледа соодветен. Спротивно на тоа, останува да се изврши преглед на ранливостите и ризиците на корупцијата во полицијата и редовна евалуација и проценка на влијанието на годишните антикорупциски програми на полицијата. Што е најважно, оперативната независност на полицијата треба да биде усогласена со стандардите на Советот на Европа за демократско полициско работење и нејзината деполитизација да биде обезбедена во закон и во пракса.Со оглед на горенаведеното, ГРЕКО забележува дека е неопходен понатамошен напредок за да се демонстрира прифатливо ниво на усогласеност со препораките во следните 18 месеци.

Согласно на својот Деловник, ГРЕКО го поканува Шефот на Делегацијата на Северна Македонија да достави дополнителни информации во врска со спроведувањето на неисполнетите препораки до 30 Септември 2022 година.ГРЕКО на крајот ги поканува властите на Северна Македонија што е можно поскоро да го одобрат објавувањето на овој Извештај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.