НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: „Фридом хаус“ потврди дека сме на вистинскиот пат, Владата повеќепати го потврди мнозинството

0
By Нова ТВ on April 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Владата потврдува дека е на вистинскиот пат, има целосна поддршка во Собранието и не гледам причина за какви било промени, вели вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Тој ги упати новинарите прашањето дали во мај може да се очекува реконструкција на Владата, да му го постават на премиерот, кој воедно е и мандатар.

Според Николовски, оваа Влада неколку пати го потврдува парламентарното мнозинство, а од другата страна е опцијата која, за жал, ги потсети граѓаните на режимот во кој владееше.

-Прашањето може да му го поставите на мандатарот, а тоа е премиерот, кој може да предложи зависно од успешноста и исполнувањето на задачите на министрите. Оваа политичка Влада неколку пати го потврдува парламентарното мнозинство. Од другата страна имаме опција која, за жал, ги потсети граѓаните на режимот во кој владееше, на затворањето, несигурноста, тепачките и притисокот врз медиумите, на се она против кое се боревме. Денес имаме меѓународни инстутиции кои за среќа потврдуваат дека сме слободни, дека сме демократсјка земја која е е на вистинскиот пат. Реализираме проекти и за идните генерации, а еден од нив е Законот за потекло на имот од кој се плашат. Имаме програма за работа на Влада на чија реализација сме целосно фокусирани, како и мандатни писма по кои се раководиме. Очекувам силна поддршка и од граѓаните токму за овие крупни, историски, генерациски процеси во кои сме влезени и кои треба да ги истераме до крај, рече Николовски на прес-конференција во МЗШВ.

Во однос на денешниот извештај на „Фридм хаус“ смета дека тој апсолутно потврдува дека земјава е на вистинскиот пат.

– Фридм хаус нотира силен напредок и излегување од институционалната криза во која државата беше пред 2017 година, а пред се ги нотира слободата и демократијата како највисоки вредности според кои сме издвоени во регионот во тој дел на напредокот, вели Николовски.

Сите препораки во Извештајот, но и забелешки, истакна Николовски, се добредојдени и ќе бидат сериозно разгледани зашто се патоказ по кој треба да продолжиме да чекориме.

-Извештајот потврдува дека сме на вистинскиот пат, дека Северна Македонија се подобрува и излегува од периодот од 2017 година наваму, од ужасната состојба што оваа Влада ја има наследено и бележи постојан раст во делот на слободата и демократијата што е успешна приказна кој му е потребна на Балканот. Во Извештајот експлицитно се наведува дека левичарската Влада предводена од Зоран Заев ја поправа штетата нанесена врз институциите во претходниот период од десничарските популисти пред него. Извештајот целосно алармира генерално за падот на демократијата и лизгањето на многу системи кон авторитарност во регионот, притоа издвојувајќи ја Северна Македонија како успена приказна заедно со неколку земји. Извештајот е според односот на Владата кон институциите, медиумите, граѓанското општество, правосудството, локалното влдаеење и за оваа поставеност земјава бележи раст од 2017 до 2021 година во делот на демократското владеење, нагласи Николовски.

Сите забелешки во делот на правосудството и на различни сектори за кои, дополни, сите сме свесни и на кои сите напорно во овој и во периодот што следи треба напорно да работиме, ќе бидат длабински прегледани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.