Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Опозициските партии блокираат 28 закони во Собранието

0
By Нова ТВ on April 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 28, 2021 13:58

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека во Собранието се блокирани 28 закони и покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии СДСМ Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и разговорите меѓу Заев и лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши.

-По однос на блокадата, мислам дека лидерите се договорија да ја одблокираат работата на Собранието и јас немам причина да размислувам околу тоа. Ако договориле, имаат координатори тука нека седнат нека кажат што договориле и во која постапка да се одблокира она што е блокирано, рече Џафери.

Според анализата на спикерот, ВМРО-ДПМНЕ блокираат шест, АА и Алтернатива 21, а Левица еден закон.

За 5-ти мај, Џафери рече дека ќе закаже неколку седници на кои дебатата е завршена и е останато само гласањето, дел се закони во прво читање, дел во второ. Следната редовна седница на Собранието ќе биде закажана на 18 мај.

Џафери презентираше податоци од анализа за присуство на пратениците на седници од јануари наваму во контекст на забелешките што Собранието ги добива за немање кворум и немање можност за работа на Парламентот. Првиот човек на законодавниот дом кажа дека на ниту една од тие седници немало под 61 пратеник, а во салата немало доволен број пратеници бидејќи опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштале салата и условувале. На најголем дел од седниците за присуство биле потпишани по стотина и повеќе пратеници.

Џафери не го оспорува нивното право да делуваат како опозиција и врз основа на тоа тој не ја спори нивната политичка одлука во рамки на демократското однесување. Тој сепак посочува на членот 29 од Деловникот за работа на Собранието каде е наведено дека пратеникот има „право и должност“ да присуствува на седниците. Џафери ја потенцира должноста на пратениците да бидат на седница, но и самиот посочува дека нема инструмент како да ги присили да бидат на седница. Повтори дека, според него, опозициските пратеници ја злоупотребуваат состојбата со пандемијата и нивни болни пратеници и ги напуштаат седниците.

За најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека е можно формирање повеќе пратенички групи во Собранието, претседателот на законодавниот дом Џафери, смета дека не постои законска можност за тоа.

-Не постои деловничка можност, рече Џафери, кој во официјалната изјава за медиумите не сакаше понатаму да ја коментира оваа најава додека претходно на средбата со новинарите кажа дека тогаш кога СДСМ имала повеќе пратенички групи имало друга клима. Беше тоа период што е веќе зад нас, додаде тој, поминаа четири години вчера не би требало да се вратиме во тие правци.

За барањето на Димитар Апасиев за патните трошоци на пратениците што било доставено до него, Џафери вели дека тој не е надлежен за тоа туку дека пратеникот на Левица барањето требало да го упати до Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

– Тоа е еклатантна состојба кога ќе се обратите на несоодветно место. Пратеникот како и секој треба да ги има предвид Законот за плати и надоместоци на плати на избраните и именуваните лица во којшто спаѓа и пратениците и врз основа на тој закон друга институција е надлежна а тоа е Комисијата за избори и именувања, изјави претседателот на Собранието.

Комисијата донесува одлука за спроведување на законските одредби по однос на поединечните барања на секој пратеник што ги исполнува условите врз основа на Законот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.