НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три случаи од Македонија влегоа во извештајот за безбедност на новинарите од Совет на Европа

0
By Нова ТВ on April 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годишниот извештај на Платформата на Советот на Европа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите, објавен денеска од 14 меѓународни организации за слобода на печатот, идентификува 201 инцидент што сериозно ја загрозуваат слободата на печатот во 47 земји-членки на Советот на Европа за 2020 годинa. Оваа бројка претставува зголемување од 40 отсто во споредба со 2019 година. Рекорден број предупредувања се однесувале на физички напади (52 случаи) и акти на вознемирување или заплашување (70 случаи).

Меѓу случаите во кои новинари биле мета на сексистички навреди и закани е наведен случајот со Тања Милевска, дописник на новинската агенција МИА од Брисел. Милевска беше жртва на малтретирање на интернет, кое вклучуваше вербално насилство, како и смртни закани и закани за силување на социјалните мрежи откако на Твитер праша дали унгарскиот премиер Виктор Орбан и Европската народна партија во Парламентот и ЕУ ќе ја признае уставната промена на официјалното име на земјата во „Северна Македонија“ одлучено во 2019 година.

Друг случај од Северна Македонија е тој со новинарките Мери Јордановска, уредник на А1он.мк и Искра Коровешовска, уредник на ТВ Алфа, кои биле мета на закани и навреди преку Интернет.

Во извештајот на Платформата на Советот на Европа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите се наведени и вербалните напади во некои земји како Србија, Словенија и Турција што биле дело на претставници најавните власти, вклучително и министри и шефови на држави.

Во Годишниот извештај на Советот на Европа, меѓу другото, се анализираат сериозните закани за слободата на печатот, како што е неказнивоста за злосторства извршени врз новинари – вклучително и 24 случаи на убиства на новинари кои досега останаа неказнети – заземање на независни медиуми од страна на државите, вознемирување на судскиот процес, политички притисок врз медиумите од јавниот сервис и надзорот над новинарите. Исто така се посочува на специфичната закана за слободата на печатот предизвикана од исклучителните ограничувања наметнати во 2020 година на активноста на новинарите со законите и регулативите за итни случаи донесени како одговор на пандемијата Ковид-19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

ВЕСТИ August 1, 2025

Најмалку 28 лица се убиени во вчерашните руски напади во Киев, според ново ажурирање од…

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Хамас објави видео од израелски заложник

August 1, 2025

Вашингтон: САД воведоа санкции врз преставници на Палестинската самоуправа и ПЛО

July 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.