Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ: Јавниот и државниот долг бележат благ раст во прво тримесечје

0
By Нова ТВ on April 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 29, 2021 15:54

По повлекување на средствата од осмата еврообврзницата, јавниот и државниот долг во првото тримесечје од 2021 година, забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени. Јавниот долг изнесува 62,5%, додека државниот изнесува 54,1%, се вели во денешното соопштение од Министерството за финансии.

Од таму додаваат дека издавањето на осмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра, со историски најниска каматна стапка од 1,625%, е со цел рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2014 година со каматна стапка од 3,975%.

– Отплатата на еврообврзницата од 2014 година во јули, ќе влијае на намалување на тековната состојба и на јавниот и на државниот долг. Други исплати и повлекувања кои влијаеа на состојбата на државниот и јавниот долг во првото тримесечје од годинава се намалување на состојбата на државните хартии од вредност за 23,4 милиони евра, емисијата на 19-та емисија на Обврзница за денационализација од 11,5 милиони евра, повлекување 11,8 милиони евра странски кредити за владини проекти и 8,9 милиони евра од страна на јавни претпријатија. Исто така, отплатени се обврски по основ на главнина во износ од 44,5 милиони евра.

Од МФ велат дека согласно тековната динамика на реализација на јавниот и државниот долг, очекувањата се дека ќе останат во рамки на проекциите од 63,4% и 53,2% респективно.

– На среден рок, односно до 2025 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 58,8%, односно под нивото утврдено со Мастришкиот критериум, додека државниот долг ќе се сведе на 51%. Ова ќе се реализира, од една страна, преку планот и мерките за постепена фискална консолидација, односно постепено намалување на буџетскиот дефицит, и од друга страна преку забрзување на економскиот раст, односно продуцирање поголема додадена вредност од којашто полесно ќе може да се сервисира долгот што доспева.

Инаку, како резултат на ковид-кризата, согласно податоците на Меѓународниот монетарен фонд, кај скоро сите европски земји (освен Норвешка)  има висок раст на државниот долг во 2020 година во споредба со 2019 година. Така, Шпанија има раст на долгот од 27,5 процентни поени, Италија раст на долгот од 27 процентни поени, Грција раст од 24,3 процентни поени. Во регионот, покрај Грција, Албанија има најголем раст на долгот од 15,6 процентни поени, Словенија раст од 14,9 процентни поени и Хрватска со 14,5 процентни поени раст на долгот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.