НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велигден и оваа година во услови на пандемија, но без полициски час

0
By Нова ТВ on May 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Православните верници и втора година по ред го празнуваат Велигден во услови на пандемија, но годинава без полициски час, со апели за максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Во меѓувреме, по воведените рестриктивни мерки, бројот на нови случаи на Ковид-19 се намалува. Во деноноќието меѓу петокот и саботата, од направени 2.276 тестирања се регистрирани 214 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 36 починати, како и 305 оздравени пациенти. Вкупно 200.000 кинески вакцини, што пристигнаа вчера, најдоцна до понеделник ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, по што од вторник со нив ќе почне масовната вакцинација на населението.

Полицискиот час синоќа не важеше и граѓаните можеа слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца. Ова беше исклучок само за празникот Велигден и ограничувањето на движењето продолжува денеска од 21 час до 05 часот.

Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата беше воведен полициски час од 21 часот до 05 часот, следниот ден, со исклучок за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам. Согласно тоа полицискиот час не важеше од 1 кон 2 мај, а нема да важи и на 12 кон 13 мај.

Верските лидери имаат обврска сè што може да се организира надвор, додека на граѓаните останува одговорноста да нема прекршување на мерките.

Од вторник се очекува да почне масовната вакцинација со 200.000 вакцини што пристигнаа во петокот во земјава. Најдоцна до понеделник вакцините ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола.

Mинистерот за здравство Венко Филипче во петокот најави дека наскоро се очекуваат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“, со што очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба. Засега е неизвесно пристигнувањето на вакцините на „Астра Зенека“, имајќи ги предвид случувањата со вирусот во Индија која воведе забрана за извоз на вакцини, а дел од овие дози преку КОВАКС системот треба да пристигнат и од индискиот Институт.

Според Филипче, пунктовите за вакцинација се веќе подготвени и најави дека бројката на граѓани што ќе се вакцинира на ден ќе биде помеѓу 10 000 и 15 000 илјади.

Во претстојното вакцинирање акцент ќе се стави на граѓаните кои се веќе пријавени, тие кои веќе чекаат и според возраста и според приоритетот на пријавување. Филипче апелираше граѓаните да се пријават на сајтот vakcinacija.mk и оттука ќе се генерираат приоритетите. – Ќе добијат или СМС порака или меил или двете во форма на известување и согласно тоа ќе бидат закажани во соодветен пункт во соодветно време, изјави Филипче.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581,  на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.