Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марјан Забрчанец: Граѓаните можеби сакаат „мали скандали“, но вистината е незаменлива и мора да победи!

0
By Нова ТВ on May 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 3, 2021 17:43

Националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец во интервју за Слободен печат, по повод Светскиот ден на медиумите, говори за соодносот меѓу информациите и дезинформациите со кои се соочува јавноста. Тој смета дека во таа вечна битка, само со транспарентност во работата на Владата, граѓаните ќе ја препознаат вистината.

Ви пренесуваме дел од тоа интервју:

Најголемо незадовослство во јавноста поткрепено и од страна на медиумите е од начинот и брзината со справувањето со здравствената криза и обвинувањата кон министерот Филипче. Се чини дека тој од херој на почетокот на кризата, сега станува главен виновник и терет во рејтингот на власта?

-Кризата за која говорите беше предизвикана од недостатокот на вакцини што е резултат на глобалниот недостаток.

Тој проблем се решава, во текот на април и мај веќе пристигнуваат сериозни количини вакцини во земјава и масовната имунизација на граѓаните е веќе во тек.

Сведоштвата на граѓаните за начинот на организација и на спроведување на вакцинацијата се позитивни и очекувам брз раст на бројот на вакцинирани граѓани.

Македонскиот здравствен систем никогаш пред пандемијата немал повисока доверба кај граѓаните. Здравството демонстрираше капацитет да се справува со сериозен глобален предизвик, од една страна да се обезбедат капацитети за итните случаи, од друга страна да се информира населението за мерките за заштита и од трета страна да се обезбедува неопходниот имунитет.

Во овие прилики, херои се сите здравствени работници кои беа и се уште се на браникот на јавното здравје. И навистина е штета што еден “Космонаутко”, најпопуларниот наш здравствен работник, за ЕУ е кандидат за македонски Европеец на годината, а за Мицкоски е тема за потсмев и неверување. Осудени се на пораз тие што се потсмеваат со националната и со индивидуалната борба со коронавирусот.

Велите дека постојано има комуникација со јавноста, но се чини тоа не е доволно кога бројот на заболени и починати е сеуште голем. Зборот не може да ја замени суровата реалност.

-Реалноста е дека бројките се во сериозен пад, а тоа се должи на навременоста и соодветноста на мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести и на степенот на одговорност на институциите и на граѓаните.

Смртноста од пандемијата е сурова, но таа кај нас не отстапува од она што е просек во регионот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.