Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Половичен одѕив за вакцинирање, следната недела можно дополнително попуштање на рестрикциите

0
By Нова ТВ on May 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 6, 2021 07:09

Следната недела дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Покрај скратувањето на полицискиот час и дозволата угостителски објекти да работат до 22:30 часот, до надлежните пристигнале барања за отворање на салите за вежбање и зголемување на бројот на деца во градинките, но, министерот Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести смета дека е сè уште рано за тоа.

– Има препорака за 14 -невен карантин за сите патници кои доаѓаат од Индија и од Бразил, заради тоа што таму се случува еден силен притисок и бран, треба да видиме дали тој сој на вирусот има значајно поразлични карактеристики од овој што беше сега, а тоа е британскиот сој, посочи вчера Филипче.

Тој, меѓудругото, информира дека дел од болничките одделенија во враќаат во нормална работа, како што е одделението за урологија, за пластична хирургија, како и Клиниката за кардиологија.

Во однос на вакцинацијата, министерот смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем и апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк“ за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето.

Во текот на завчерашниот ден, како што кажа Филипче, од 9.000 граѓани кои добиле термин за вакцинирање, само половина или 4.500 се пријавиле за вакцинирање.

Тој соопшти дека процесот на вакцинација ќе се заокружи со министрите со оглед на тоа што имаат закажано патувања, а најави и продолжување на вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура.

Засега, не се дозволува избор на вакцина, бидејќи, како што рече Филипче, сите вакцини се безбедни и не се забележани контраиндикации, освен за вакцината на „Астра Зенека“ која не се дава на лица помлади од 60 години.

Очекувањата се дека во текот на мај треба да пристигнат близу 50 илјади вакцини „Фајзер“, односно секој понеделник по приближно 10 илјади вакцини, а околу 14-15 мај, во зависност од тоа како ќе биде организиран транспортот, се очекува да пристигне и дополнителната количина од „Синофарм“ обезбедена преку Министерството за одбрана.

– Тоа се чини дека ќе биде доволна бројка да се надополни системот на вакцинирање, рече Филипче.

За бремените жени и доилките кои пријавиле интерес да се вакцинираат со „Фајзер“, бидејќи според некои нивни согледувања, оваа вакцина е најсоодветна за нив, Филипче рече дека доколку има такви сознанија, ќе им се излезе во пресрет на овие лица.

Во однос на тоа дали се размислува за мобилни екипи кои би ги вакцинирале лицата кои живеат најоддалечено од местата на вакцинирање, Филипче рече дека постои таква можност, нагласувајќи дека вакви тимови веќе функционираат за неподвижните лица и за оние кои се сместени во старечките домови.

Од Министерството за здравство вчера соопштија дека граѓаните, кои при закажување на веб страницата vakcinacija.mk направиле погрешен избор на локацијата каде сакаат да се вакцинираат, можат до отидат во кој пункт сакаат и да ја прикажат пораката што ја добил за вакцинација.

– Доколку доказот дека има термин е валиден, лицето ќе се вакцинира, веднаш, наведува МЗ.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера изјави дека Владата ги носи одлуките според препораките на Комисијата за заразни болести.

– Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Зборувавме за евентуално дополнително приспособување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители, рече Битиќи во одговор на прашање по увидот на зафатната градба на Хидросистемот Злетовица за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.

Тој ја отфрли можноста во овој момент да се дозволи организирање свадби во земјава, напоменувајќи дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај, кога ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за заразни болести.

Вчера беа регистрирани нови 323 случаи на коронавирусот од 2.928 тестирања, 24 починати, меѓу кои и едно 32-годишно лице од Скопје. Министерството за здравство регистрираше и 714 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153 137, на оздравени пациенти е 135 367, на починати 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12 754. Од активните случаи, најмногу има во Скопје 5916, потоа Куманово 969, Битола 792, Прилеп 530, Тетово 507, Охрид 449 и Велес 447. Во другите градови има под 400 активни случаи.

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во останатите болници низ земјава е 1012, а има околу 750 слободни болнички кревети во ковид-центрите. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 435 лица сомнителни или потврдени за Ковид-19. На територијата на цела држава во моментов се лекуваат 577 пациенти на инфективните одделенија.

Во моментов во ковид центрите на интерните и на хируршките клиники во Скопје се лекуваат 150 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 128 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 124 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има две деца позитивни на ковид 19 вирусот и две мајки, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 13 болни, соопшти вчера Министерството за здравство.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во болниците има околу 310 слободни места.

Според податоците на Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 72 ковид-пациенти, во Штип се хоспитализирани 62, во Велес се лекуваат 77 болни, во Куманово 68, во Охрид 60, Прилеп 48, во Струмица 60. Во другите градови се помалку од 40.

Од вчера полицискиот час наместо од 21:00 почнува од 23:00 и трае до 05:00 часот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.