НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК не подготвува раздвојување на Северна Македонија и Албанија, тврдат високи извори во ЕК

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Европската Унија не се подготвува раздвојување на Северна Македонија и Албанија, кои очекуваат прва меѓувладина конференција и почеток на преговори, доколку Скопје и Софија не најдат заедничко решение, велат високи функционери на Европската Комисија, кои ги цитираат порталот Политико и дописникот на „Волстрит журнал“, јави Дојче веле.

Овие изјави следуваат по најавите на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за раздвојување на на двете земји на патот кон Унијата, доколку Скопје не најде решение со Софија. Еврокомесарот за време на кусиот престој во Скопје кога ги донесе првите вакцини против Ковид-19, финансирани од ЕУ, во врска со одвојувањето на Скопје и Тирана рече дека пристапниот процес се базира на постигнувања.

– Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји, посочи тогаш Вархеји. Истиот став го повтори и за Еуроњуз, нагласувајќи дека иако процесите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа  заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија.

Сепак овие негови изјави наидоа на реакции во самата Унија и покажаа дека ова не е единствен став на ниво на Унијата.

Дописникот на „Волстрит журнал“ од Брисел, Лоренс Норман, синоќа на Твитер, повикувајќи се на висок функционер на ЕУ, тврди дека ставовите на Вархеји отстапуваат од позицијата на Европската Комисија.

-Не подготвуваме раздвојување, велат од ЕК, напротив, Комисијата поддржува брзо отворање на преговорите со двете земји.

Бриселскиот портал Политико денеска повикувајќи се на висок функционер, објавува дека тој експлицитно ги демантира изјавите на Вархеји веднаш откако тој ја дал изјавата за Еуроњуз.

-Од Комисијата следуваше експлицитен одговор: Службите не подготвуваат никакво раздвојување, вели висок функционер, сугерирајќи дека унгарскиот комесар можеби е премногу добро поврзан дома, каде што поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, го доби она што Унгарија го нарекува азил, откако беше осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба, пишува Политико.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.