НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: За проектот за изградба на нов Клинички центар треба да покажеме капацитет за консензус

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За проектот за изградба на нов Клинички центар во општината Ѓорче Петров треба да покажеме капацитет за консензус, да ги размениме мислењата, да дадеме соодветни предлози заради тоа што сите ние имаме одговорност пред граѓаните, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче на која укажа на процесот на подготвката на законот за изградба на новиот Клинички центар и потсети на постапките кои се спроведувани во изминатите повеќе од две, три години.

Посочи дека премиерот има иницијатива во втората половина на месецов да направи јавна презентација на целокупниот процес досега за сите чинители, не само за пратеници, здруженија на архитекти, лекари, екологисти итн. и повторно секој да даде свое мислење, своја перспектива на гледање на работите.

– Како што сега сме блиску до реализација на еден ваков сериозен и најкомлексен проект воопшто никогаш не сме биле и треба да го искористиме тоа. Ако има контрааргументи може да разговараме и за тие опции, истакна Филипче.

Ваков еден голем проект, потенцира министерот, кој е во интерес на сите граѓани и кој ги задоволува потребите во неколку децении пред нас во смисла на тоа да понудиме инфраструктура во која ќе работат наши експерти со соодветна модерна нова и на граѓаните ќе им овозможи да добијат современа здравствена услуга, прво нема алтернатива, но во исто време сите чинители треба овој процес да го туркаат заедно.

Во таа смисла беа иницијативите за разговори за заеднички средби, рече Филипче и додаде дека имало понуда дури и опозицијата преку парламентарна група да го контролира целокупниот процес на спроведување на изградбата на новиот Клинички центар со цел да укажат дека се е отворено, транспарентно и во интерес на граѓаните.

– Просторните можности за развој на ваков клинички центар се можни на место кое е надвор од центарот на градот прво заради големината, а второ заради достапноста. Целокупниот процес е започнат со физибилити студија во 2009 година финансирана од Европската инвестициска банка каде се прави анализа на гринфилд наспроти браунфилд инвестиција односно дали треба да се прави нова болница и колку таа чини. Сумата со која деновиве се спомнува во медиумите преку претставници на ВМРО-ДПМНЕ потекнува од таа физибилити студија и се темели на анализи врз однова на потребите што еден таков клинички центар треба да содржи некаде 110 000 метри квадратни и нешто над 4000 евра по метар квадратен за функционална зграда со вклучена медицинска опрема, рече Филипче.

Од ревизијата на физибилити студијата, појасни, се стигнати до сите предлог суми за тоа што треба новиот Клинички центар да содржи, како да биде опремен. Посочи дека според ажурирањето се предлага изведбата на објектот да се одвива во три последователни фази по системот клуч на рака, што значи дека целокупната постапка треба да подразбира проектирање, изградба, опремување, трансфер планови и нивна реализација, обука на персонал, одржување на објектот и опремата на еден определен временски период, што значи дека и проектирањето влегува во самата тендерска постапка заради тоа што сметаат дека ваков комплексен проект може најдобро, најефикасно, без одложување, без дополнителни средства како што иницијално ќе биде проектирано и проценето, за најкраток временски рок да се реализира во нашата земја.

– Тоа се близу 500 милиони евра, а во самата тендерска постапка можно е цените да паднат. Почнавме реализација на активности во доменот на надлежностите во однос на подготовка на инфраструктурата за една таква гринфилд локација. Се започна со спроведување на тендерската постапка, аплицираа четири компании, а во втората фаза се квалификуваа две компании, француската „Буиг“ и германската „Вамед“, кои се едни од најголемите и најпознати европски компании кои работат во сферата на изградба на болници, рече Филипче.

Според него, законот за изградба на новиот Клинички центар е единствената можност да не ги изгубат овие компании кои учествуваа во овој процес, да го искористат нивното знаење и експертиза за конечно да почнат конкретно да работат на планот за нов Клинички центар.

Тој на прес-конференцијата го прикажа тоа што било направено како цртежи во делот на иницијалните разговори од втората фаза од компетитивниот дијалог, по што рече дека ваква форма на нов Клинички центар со ваков габарит не може физички да биде сместен на ниту едно друго место.

– Верувам дека опозицијата ќе собере и сила и храброст да се придружи кон овој процес, дека можеме на многу конструктивен начин да разговараме. Верувам дека и покрај сите обиди за политизација или за фрлање сомнеж, па и обиди за лична дискредитација преку сомнежи за корупција криминал итн. дека сепак ќе се надминат тие разлики и ќе покажаме сите дека имаме капацитет и волја да се реши ова повеќедецениско прашање во интерес на тоа граѓаните да имаат квалитетна здравствена заштита, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека проектот за нов Клинички центар според последната одлука ќе се финансира со средства од буџетот, а како буџетот ќе се финансира е нешто за што ќе одлучува Министерството за финансии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.