НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Институтот понуди спорните толкувања во Речникот да бидат повлечени и заменети со соодветни

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Владата соопшти дека првите луѓе на редакцијата на Толковниот речник и на Институтот за македонски јазик самите понудиле привремено да бидат повлечени толкувањата на некои зборови што предизвикаа реакции во јавноста и набргу да ги  заменат со толкувања соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст.

– За овој чекор согласност за содржината на соопштението даде и раководителката на проектот Толковен речник на македонскиот јазик кое беше доставено до јавноста и до сите медиуми кои побараа дополнителни толкувања. Владата во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на Толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници и размената на мислења поврзана за реакциите се водеше во исклучиво контекст на социолингивистичките аспекти согласно современите општествени текови и прифатени вредности, и во таа насока понуденото решение за ново вредносно толкување, со целата почит кон методологијата на тимот научници, дојде токму од нив, соопшти вечерва владината прес-служба во врска со повлекувањето зборови и нивните толкувања откако завчера Речникот беше промовиран во електронска везрија на новата платформа makedonski.gov.mk.

Во соопштението Владата наведува дека заедно со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик  „Крсте Петков Мисирков“ многу јасно и прецизно ги договориле улогите во подготовката на процесот и во поставувањето на севкупниот зборовен фонд од Толковниот речник на македонскиот јазик.

Нагласува дека Речникот е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот, а дека Владата понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот.

– Владата на Република Северна Македонија, согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик, ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува. Тоа значи дека платформата makedonski.gov.mk понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти, и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива, а Владата и понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот, соопшти владината прес-служба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.