НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оливер Вархеји, комесар за анимирање на балканските атавизми

0
By Нова ТВ on May 8, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борјан Јовановски

Не требаше многу време за авторите на нон пејперот, којшто има за цел да ги анимира балканските атавизми, да се појават во јавноста. Па така, продолжената рака на Орбан во Брисел, комесарот Оливер Вархеји, истапи јавно со неговата изјава дека се размислува за одвојување на Албанија и Македонија во процесот на проширувањето, теза која во својата суштина има многу врска со нон пејперот што го договориле Јанша и Орбан, со асистенција и поддршка и на неколку други сиви зони на меѓународната политичка сцена.

За потсетување, во 2018 и 2019 ситуацијата беше обратна, па тогаш некои размислуваа да ги одвојат Албанија и Македонија. Тогаш, во наша корист. Затоа што тогаш, се сметаше дека Албанија сé уште не ги исполнила условите за старт на преговори. Сепак, оние што во ЕУ беа добронамерни кон Балканот, и кои геополитички ги промислуваат нештата, тогаш ја спречија оваа иницијатива со јасно образложение дека одвојувањето на овие две земји во процесот на проширувањето може да предизвика геополитички турбуленции. Имено, тогаш на тоа се гледаше како на опасност од испраќање на сигнал дека земјите во кои доминира муслиманската популација, како Албанија и Босна, не се пожелни во ЕУ што разбирливо може да предизвика превирања и реакции кои би биле штетни па и опасни за регионалната стабилност.
Тогаш за ова прашање францускиот претседател Емануел Макрон во едно интервју многу јасно нагласи дека одвојувањето на Албанија и Македонија во процесот на проширувањето би било како што рече Макрон ‘фатална грешка’.

Сега сме во обратна ситуација. Сега се предлага Македонија да остане во купчето отворени прашања на Балканот а Албанија да ја добие посакуваната јасна европска перспектива со старт на преговори.

Зошто овој обид на Вархеји е опасен?

Раздвојувањето на Албанија и Македонија во овој случај нашата земја би ја оставило на слепиот балкански колосек во кој врие од неизвесности и не е исклучено да предизвика реакции во рамките на бројната албанска етничка заедница во Македонија, и се разбира на Косово. Оваа раздвојување на Албанија и Македонија може да силно да ја засили гравитациската моќ на Тирана во која Албанците од Македонија ќе видат можност за своите европски аспирации. На сличен начин би можеле на сила да добијат веќе активираните тенденции на Косово за приклучување кон Албанија што индиректно води точно во рамката на оној несреќен нон пејпер од Љубљана и Будимпешта во кој се предлагаше припојување на делови од Македонија кон Албанија.

Дополнително, не јасно е зошто Оливер Вархеји истапува со ваква изјава, истиот ден кога во Лондон се одржа состанокот на влијателната Г7 група во која членуваат главните фактори на меѓународната сцена како САД, Франција, Италија, Велика Британија, Јапонија, Канада, Германија и ЕУ. Тие, од тој состанок испратија јасна порака за потреба од почеток на преговори за членство со Албанија и Македонија нагласувајќи дека иницијативите за менување на границите на Балканот се опасни. Конечно ако на Г7 состанокот во Лондон, ЕУ како член стои зад усвоениот став на оваа влијателна групација, тогаш многу е логично да се постави прашањето за кого тоа работи Вархеји, сместен удобно во кабинетот на една од најважните институции на ЕУ.

Одговор е тешко да се добие со оглед на недостапноста на овој унгарски комесар кој не најде за сходно да се појави на ниту едно интервју за медиум од регионот за кој е директно надлежен во неговиот портфељ. Евентуално, таквото прашање до него може да биде упатено од неговите пријатели во Скопје кои се на жешка линија со Орбан и Јанша. За да дознаеме повеќе околу оваа иницијатива за убивање на процесот на проширувањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.