НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Ние направивме сè, редот е на ЕУ

0
By Нова ТВ on May 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашите граѓани немаат што повеќе да направат, што повеќе да придонесат, што повеќе да жртвуваат за европскиот сон, поради тоа што ги направивме сите потребни и непотребни компромиси, вклучително и најапсурдните, за да заслужиме членство во европското семејство. Затоа сега е ред на Европската Унија, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓи заедниците Артан Груби.

На панел-дискусијата „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската Унија”, која по повод Денот на Европа ја организираше Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера“, Групи истакна дека сега е на тест европската храброст зашто сега се загрозени европските вредности.

– Очекуваме иста храброст од европските лидери која тие ја бараа од нас последниве две децении, од Охридскиот Договор до уставните измени, без одлагање, без оправдување, рече тој, нагласувајќи дека тоа не е само одлука за европската иднина на Северна Македонија, туку е одлука и за опстанокот на сонот и иднината на Европската Унија.

Според него, 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор и 30-годишнината од независноста на  државата се два момента на длабока општествена трансформација кои, како што рече, „колку што се одвоени, толку се сплотени – моменти на еден национален, регионален и европски 9 мај“.

Во обраќањето Груби се осврна на Охридскиот договор посочувајќи дека во неговата суштина тој е вредност на Европската Унија и е единствениот целосно успешен мировен договор, гарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ,  целосно имплементиран во нормативниот дел кој придонесе за нашата европска иднина.

– Од денешна перспектива гледаме колку апсурден беше тој отпор, тие протести, тие закани, тие стравови. Секогаш велам, колку е полојална државата кон граѓаните, толку се полојални граѓаните кон државата. Еднаквото општество, кон кое се стреми Охридскиот договор придонесе државата да ја чувствувам за моја и да се залагам колку што се залага и премиерот Заев, и претседателот Пендаровски за доброто на нашата заедничка татковина, да ја чувствувам како моја, додаде првиот вицепремиер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.