НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зурабишвили: Отворањето на прегорите на С Македонија со ЕУ ќе биде силен сигнал за Грузија

0
By Нова ТВ on May 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членството на Северна Македонија во НАТО е многу силен сигнал дека вратата на Алијансата е навистина отворена и дека не се работи само за зборови, туку за реалност што на сите нас ни дава оптимизам. Се надевам дека тоа ќе се случи и со отворање на преговорите за пристапување со ЕУ, што исто така ќе биде одличен сигнал и за Грузија бидејќи тоа е нашата заедничка перспектива.

Ова го изјави претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на Република Северна Македонија, на заедничката прес-конференција со нејзиниот домачин претседателот Стево Пендаровски.

-Ние видовме дека С Македонија во минатото надмина една таква пречка, би рекла посесриозна пречка на нејзниот пат кон членството во НАТО. Убедена сум дека на истиот начин С Македонија ќе биде во можност да ја надмине и пречкката со која во моментов се соочува. Ние малите земји кои во минатото сме покажале издржливост, сме се соочиле со многу историски настани во изминатите векови, со инвазии, окупации, научивме дека треба да се биде отпорен, да се биде тврдоглав, да го знаете правецот во кој одите. Ние малите земји сме оптимисти бидејќи гледаме резултати. За нас Грузија резултат што С Македонија го постигна со членството во НАТО е многу силен сигнал дека врата на Алијансата е навистина отворена и дека не станува само за зборови, туку за реалност што на сите нас ни дава оптимизам. Во исто време се надевам дека тоа ќе се случи и со отворање на преговорите за пристапување , што ќе биде одличен сигнал и за Грузија бидејќи тоа е нашата заедничка перспектива, рече грузиската претседателка на новинарско прашање како ја коментира пречката со која се соочува Скопје на патот кон ЕУ.

Претседателот Пендаровски запрашан за неговиот став во однос на изјавите на еврокомесарот Оливер Вархеји за раздвојување на Скопје и Тирана на евроинтегртивниот пат, рече дека не би сакал да ја коментира, но според впечатокот ос средбата што ја имал со него во Брисел, смета дека Вархеји на тоа гледа како на потенцијална можност ако спорот со Бугарија се одолговлекува со години слично како со спорот со Грција.

-Ве уверувам дека во мојот разговор со него и во моите разговори во Брисел од пред 10-тина дена, апсолутно на ниту едно ниво, од ниту еден мој согорник  не ми беше поставено тоа прашање – што мислиме за евентуално раздвојување од Р Албанија. Сите буквално сите, и во Советот и во Комисијата и во одделните департменти особено оној за проширување не разслуваат за раздвојување туку сите напори, сите сили се фокусирани кон тоа до крајот на оваа година да се одржи првата Меѓувладина конференција, вели претседателот Пендаровски посочувајќи и на денешната посета на премиерот Заев во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.