НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Рано е да се тргнат маските на отворено, за тоа ќе се разговара следната недела

0
By Нова ТВ on May 14, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство вели дека сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено и најави дека за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести.

-Засега не. На состанокот што ќе се одржи во понеделник таа тема што ја инициравме на почетокот на оваа недела ќе продолжи. Да ги видиме сознанијата, ставовивте на повеќе други земји, да согледаме каква е ситуацијата кај нас. Еве реално е дека многу граѓани навистина и во парковите не се придржуваат до таа мерка. Лично сметам дека е рано се уште. Сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, меѓутоа во исто време треба мерката да има логика, топло време итн, изјави министерот Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека прво треба да се тргне препораката за носење маски на отворено, па евентуално да се размислува за тоа вакцинираните со две дози да не носат маски на затворено. Притоа рече, треба да се слуша ставот на експертите.

-Мислам дека тоа би можело да следи, ама не можам да кажам кога точно временски би било како препорака, прво да се тргне обврската за носење маски на отворено, односно да важи само тогаш кога има групирање на луѓето и да се прфатат барањата на угостителите, има логика да се зголеми бројот на гости на масите. Меѓутоа сè уште сметам дека е рано да се препорача тргање на маските на затворено. Лично сметам, ќе го слушенме ставот на експертите епдиемиолози и останатите во КЗБ , други кои не се членови на Комисијата дека таа препорака треба да остане и понатаму, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој прашан за тоа кој е доминантен сој на коронавирусот во земјава истакна дека тоа е британскиот, иако, како што истакна имало и случаи на други соеви, но тие биле изолирани.

-Дефинитивно доминантен е британскиот сој на вирус. Очигледно е дека има други поединечни случаи, заради тоа што имаше детекција на јужноафрикански сој кај граѓанин од Делчево кој бил заразен во месец март. Тој бил човек патувал и во западноевропски земји, бил возач на камион. Но, тоа ни укажува дека поединечните случаи од очигледно други вируси што биле присутни, сепак се само поединечни и нема тенденција некој сој на вирсуот значајно да предоминира над британскиот. За да предоминира некој сој како што британскиот збриша се претходно кога се појави, треба да биде многу полесно пренослив од тој што е актуелен. Очигледно е нема таква тенденција, рече министерот за здравство.

Според него, сознанијата од сите анализи и до сега се дека ниту јужноафриканскиот сој, ниту бразилскиот, по карактеристика не можат да го надминат да доминира над британскиот сој. Тоа, вели, ни дава за право да мислиме и да веруваме дека дефинитивно овој бран стивна без разлика што очигледно има поединечни заболени од друг сој на вирусот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.