НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче на средба со поранешни министри за здравство: Се друго освен нов клинички центар е парцијално решение

0
By Нова ТВ on May 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржал состанок со дел од поранешните министри за здравство, со кои разговарал околу проектот за нов клинички центар. Генералниот заклучок, како што рече, бил дека веќе предолго се разговара за изградбата и оти таа треба да почне што побрзо, како и дека друго решение освен нов клинички центар, на ново место како гринфилд инвестиција, би било парцијално решение. Филипче побара опозицијата да биде конструктивна и, како што нагласи, со блокирање на законот да не им го крати правото на граѓаните за соодветна и модерна здравствена заштита.

-Денеска организиравме состанок со дел од претходните министри за да разговараме околку проектот за новиот клинички центар, со цел да споделиме искуства, некои сознанија, перспективи предизвици со кои тие во својот дел од мандатот се соочувале. Практично заеднички став е дека ова прашање предолго се одолговлекува и се разговара повеќе од 15-20 години. Постигнат е на некој начин консензус по ова прашање дека секое друго решение освен нов клинички центар на ново место како гринфилд инвестиција е парцијално решение, рече министерот за здравство.

Само потполно нов клинички центар, според него, може да понуди модерен и интегриран тип на здравствени услуги, нешто го го има во развиените земји.

– Ние може да разговараме и за други парцијални решенија, но сето тоа нема да донесе суштинска промена во здравствениот систем во нашата земја, рече Филипче,

Тој смета дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е навистина некоректно, и потенцира дека опозицијата нема право да ја ускратат можност за подобра здравствен заштита на грааните.

– Не кажувам дека не може да разговараме за друга алтернатива. Но, отсуство на дискусија, бликирање закон со 2000 амандмани кои не се конструктивни е нешто што сметам дека не е оправдано и оти е злоупотреба некој начин на политичката позиција. Повторно апелирам да дојдат, да се охрабрат да разговараме без разлика дали тоа ќе биде на Комисијата за здравство во Собранието или на јавна дебата која на крајот на месецот ќе ја организираме во Собраието на која ќе учествуваат сите чинители кои треба да дадат коментар по ова прашање, истакна министерот Филипче.

Според него, граѓаните заслужуваат фактите што е тоа што се предвидува да има во новиот клинички центар, што се е предвидено да има за таа сума на средства, но што би значело тоа за следните пет-шест децении во делот на развојот на здравствеиот систем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.