Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беќаровски: „Синофарм“ е идеална вакцина за тие што прележале Ковид -19

0
By Biljana on May 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 28, 2021 09:36

По се погласните реакции во јавноста околу ефикасноста на кинеската вакцина „Синофарм“ се огласи и доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија која од стартот на пандемијата работеше како ковид тријажен центар.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави “десет факти за вакцината Синофарм“, посочувајќи дали и колку е таа ефикасна.

„Синафaрм“ и „Синовак“ се единствените ‘прави’ вакцини во широка употреба, направени на стариот начин на кој се произведуваат стотина години наназад, со ‘умртвување’ на вирусот, кој потоа се вбризгува во организмот и го буди комплетниот имунолошки систем, пишува доктор Беќаровски.

„Од 100 вакцинирани со вакцинава, ако сите дојдат во контакт со голема количина на SarsCov-2 вирусот, 80 кои имаат веќе “наоружана војска” ќе го убијат вирусот пред да влезе на нашата територија. Што ќе се случи со останатите 20? Кај нив вирусот ќе успее да освои мал дел од територијата, но организмот ќе успее веднаш да ја активира својата “цивилна одбрана”, бидејќи веќе има мемориска информација за непријателот и по краткотрајна борба, организмот ќе ја добие војната. 100 невакцинирани ако дојдат во контакт со голема количина на вирусот 20 ќе успеат да го совладаат вирусот уште на “самата граница” а кај 80 тој ќе навлезе во територијата. 60 ќе успеат со релативно мали “жртви” да го совладаат но кај 20 ќе создаде сериозни или катастрофални последици, кои ќе бараат долготрано лечење и голем процент на постковидни секвели. За жал 3 ќе ја загубат војната“, објавнува Беќаровски.

Според него, ако е веќе научно се докажа дека “синтетските вакцини” за Ковид, како „Фајзер“, „Астра Зенека“, „Модерна“ и „Спутник В“ создаваат хуморален и клеточен имунитет тогаш повеќе од сигурно е дека и „Синофарм“, која е од цел вирус го буди целуларниот имунитет.

„Се докажа и покажа дека оваа вакцина е идеална за сите кои го прележале вирусот. На Сејшелските острови, на пример, каде сите се вакцинирани со оваа вакцина, факт е дека има благ пораст на позитивни, но има драстичен пад на хоспитализирани и драматичен пад на починати“, пишува докторот.

Во однос на вакцинирањето на бремени жени и доилки, за што Беќаровски смета дека треба да се почека до крајот на третиот месец од бременоста, вели оти кинеските вакцини и без испитувања го исполнуваат критериумот на безбедност.

„Ако се плашите од новите вакцини дека можеби ќе предизвикаат автоимуни заболувања или генетски модификации, тој страв со оваа вакцина е комплетно неоснован“, додава Беќаровски.

Според него, двете најголеми маани на кинеската вакцина се двојно подолгиот период потребен да се создаде целосен имунитет и високата паразна цена.

„Ако истражувањето од Србија сугерира дека единствено драстично е намалена ефикасност на околу 60% кај популацијата над 60 години, кај нас за среќа оваа популација во главно беше вакцинирана со Астра Зенека“, заклучува Беќаровски.

Беќаровски ковид вакцина синофарм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.