НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

40-те глуви лица не се викнати на работа во Македонски шуми

0
By Менче Атанасова Точи on March 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту еден од глувите лица кои беа избрани на огласот преку „Македонски шуми“ не е викнат на работа, тврдат за НОВА дел од лицата кои се наоѓаат на списокот на среќници.

Станува збор за четириесет глуви луѓе кои беа избрани на огласот за вработување преку Македонски шуми, а тие се дел од вкупно 300 луѓе со посебни потреби кои добија ветување за работа од Владата. НОВА стапи во контакт со голем дел од нив и од сите добивме одговор дека еден месец откако биле избрани на конкурсот се уште не се сигурни дали ќе бидат викнати на работа и каде ќе бидат распоредени.

-Се јавивме кај директорот тука за да прашаме зошто не сум викната на работа бидејќи рокот за жалби помина. Од таму добивме одговор да се стрпиме бидејќи сега е затишје, се ќе се знаело дури после изборите, изјави за НОВА жена од еден град во внатрешноста, која од разбирливи причини сакаше да остане анонимна.

Министерот за труд и социјала Диме Спасов денеска изјави дека 40 глуви луѓе добиле работа преку огласот на Македонски шуми.

-Јас сум многу задоволен затоа за можноста за 300 вработувања, а досега се вработени 40 глуви лица и сметам дека животот значително ќе им се подобри,изјави претседателот на Сојузот на глуви Васко Марков на денешната средба со министерот Спасов.

Токму вработувањето беше главната причина што некои од овие луѓе се откажаа од протестот на глувите велат дел од овие луѓе со кои контактираше НОВА. Тие три пати протестираа, бараа смена на претседателот на Сојузот на глувите Васко Марков, повеќе толкувачи и поголеми права.Тие велат дека многу луѓе се откажале од протестот бидејќи биле условувани дека„ доколку протестираат-нема да имаат право да учествуваат на огласот за работа“.

Во меѓувреме 300 глуви луѓе веќе го оствариле правото на месечна парична помош во висина од 4000 денари, соопштија од Министерството за труд и социјала. За да го остварат правото на парична помош барања поднеле околу 1000 луѓе кои се 100 проценти глуви.

– Во текот на наредните недели и месеци очекуваме да се зголеми бројот на реализирани барања, откако ќе се завршат прегледите и ќе се обезбеди комплетната документација, на секој предмет посебно. Ова право беше долгогодишно барање на Сојузот на глуви, кое сега стана реалност поради што сега веќе не разговараме за воведување на правото, туку за негово зголемување, изјави министерот Диме Спасов.

Во исто време бројот на толкувачи се зголеми на пет нови кои ја положиле обуката, со што бројот се зголеми на 17, а надлежните ветуваат дека ќе има 40 нови толкувачи. Глувите велат дека се незадоволни од работата на Сојузот, бидејќи според законот на секој од нив им следуваат по 30 часа годишно бесплатно толкување.

Но, ова не се почитува, ситуацијата е таква што глувите најчесто сами си ги плаќаат толкувачите кога имаат потреба да одат на суд, на лекар, во банка, велат нашите соговорници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.