НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражувачите од САД се сомневаат – исчезнатиот авион се бара на погрешно место?

0
By Нова ТВ on March 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американските истражувачи се сомневаат дека исчезнатиот малезиски авион останал во воздухот околу четири часа од последно-потврдената локација, со што се отвора можноста да поминал дополнителни стотици километри од предвиденото, пренесува „Вол Стрит Џурнал“.

Базирајќи се на автоматското префрлање на податоците од Боингот, истражувачите од американската авијација, и претставниците од националната безбедност веруваат дека авионот летал точно пет часа, со што се отвораат нови прашања и можности за она што би можело да се случи со исчезнатиот авион кој леташе од Куала Лумпур до Пекинг.

Засега меѓународната истрага не дава резултати и по шест дена по мистериозното исчезнување.

Американските претставници за контра-тероризам ја разгледуваат и можноста пилотот или некој друг од авионот, да го пренасочил кон непозната локација по намерно исклучување на уредите за радарско детектирање. Тие не ја исклучуваат можноста за тероризам но укажуваат дека засега ништо не индицира на тоа.

Но несигурноста за тоа кон каде авионот се упатувал и зошто очигледно продолжил да лета без транспондери, покренува теории помеѓу истражувачите дека авионот можеби бил управуван за причини непознати за американските власти.

Останува нејасно дали авионот пристигнал на одредена дестинација или се распаднал стотици километри подалеку од актуелниот фокус на истрагата.

Во едно такво сценарио, ниту механички проблеми, ниту грешка на пилотот или некој друг инцидент, не би биле причина за исчезнување на авионот од радарите.

Мониторингот врз моторите на авионот го прави „Ролс Ројс“, кој периодично праќа податоци за состојбата со моторите, акциите и движењата.

„Исчезнувањето е сега официјално инцидент и сите информации се контролираат од истражувачите“, вели службеник на Ролс Ројс.

Според договорот за одржување, „Малезија Ерлајнс“ пренесува податоци за моторите до Ролс Ројс, кои потоа тие ги анализираат. Во системот се опфатени внатрешната статистика на моторите, на два други помошни мотори, слики од перформансите како и висината и брзината на авионот.

Според познавачите на системот, тие отсечоци се составуваат и се испраќаат во променливи од 30 минути, а податоците се процесираат автоматски.

Статистиката од моторот се анализира за да се одреди патот на летот откако ќе престанат да работат транспондерите.

Исчезнатиот авион летал кон Кина а неговата последна локација која е позната, е на половина пат до Заливот на Тајланд. Доколку се земе во предвид летот од пет часа по полетувањето од Куала Лумпур, тогаш Боингот 777 би можел да биде близу границите на Пакистан или Арапското море.

Како последица на барањата на Кина и Виетнам кои сметаа дека истрага се одвива забавено, малезиските власти веќе ја зголемија зоната која се истражува.

Во истрагата, 10 земји ги покриваат водените површини околу Малезија, меѓи кои Кина, САД и Виетнам, додека Тајван ќе се приклучи до петок, а Индија и Јапонија исто така најавија учество во потрагата.

Вкупно 56 бродови учествуваат, 27 од нив на Малезија, а уште 30 авиони и 10 хеликоптери се вклучени во потрагата во водите помеѓу Малезија и Виетнам.

Според американските претставници, предизвикот не е координацијата помеѓу земјите, туку обемот, и иако и тие учествуваат во истрагата, засега немаат резултати. Многу од експертите сметаат дека не се бара на вистинското место.

Малезиските власти пак, потенцираа дека ја прошириле истргата и се разгледуваат можности инцидентот да е поттикнат од лични или психолошки проблеми на членовите на екипажот или патниците, но засега не се огласија за неработењето на резервните транспондери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.