Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ денеска објави дека постепено ќе отвори седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.
Земји кон кои „Визер“ повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, стои во соопштението од авиокомпанијата, „Визер“ ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихсхафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме.
– Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, „Визер“ ја докажува својата посветеност на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж, вели Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во „Визер“.
Поради пандемијата на ковид-19 во текот на минатата година, авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.