Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Црвениот фустан добро ми прилега“- одбележан Меѓународниот ден на сексуалните работници

0
By Ivana on June 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 12:31

Под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“ во градскиот парк во Скопје беше одбележан Меѓународниот ден на сексуалните работници 2 Јуни, во организација на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје со партнерските организации од Платформата за декриминализација на сексуалната работа, Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР и Коалиција Маргини. На настанот присуствуваа сексуални работници, нивни пријатели, поддржувачи и активисти кои испратија барања за унапредување на човековите права на сексуалните работници преку декриминализација на сексуалната работа.

Извршната директорка на ХОПС, Хајди Штерјова Симоновиќ смета дека преку овогодинешниот настан, сексуалните работници испраќаат силни пораки до јавноста и донесувачите на одлуки за унапредување на здравствените, социјалните и работничките права на оваа група.

– Преку црвени фустани кои сексуалните работници со гордост и достоинство ги носат, покажуваат дека изборот на нивната работа е лична одлука. Црвената боја е симбол на страст и љубов, но и самодоверба и храброст која им е потребна на сексуалните работници во борбата за унапредување на нивните права, нивната благостојба и за подобро утре- изјави Штерјова Симоновиќ.

За Јагода Митева, активистка од СТАР-СТАР, заедницата на сексуални работници бара признавање на сексуалната работа како професија по слободен избор, со што таа ќе стане дел од пазарот на трудот, а сексуалните работници ќе бидат препознаени како работници.

– Со тоа, оваа заедница ќе може непречено да обезбедува егзистенција за себе и за своите семејства, но и да ги исполнува своите граѓански обврски и должности кон државата. Сексуалните работници бараат професионален, еднаков и правичен третман од страна на здравствените работници, социјалните работници, полициските службеници и останатите институциите при остварување на своите права од здравствената, социјалната и правната заштита. Од особена важност за сексуалните работници е унапредување на системот за превенција и санкционирање на секаков вид насилство или злоупотреба на службена положба, подобрување на пристапот при постапување со сексуалните работници кои се жртви на семејно или сексуално насилство, како и континуирано подигање на свеста за сексуалната работа, намалување на стигмата, предрасудите и дискриминацијата од страна на јавните даватели на услуги и сервиси – изјави Митева.

 Декриминализацијата на сексуалната работа е клучно барање на сексуалните работници, нивните поддржувачи и здруженија, сметаат од Коалиција Маргини.

– Декриминализацијата е единствен модел кој ќе овозможи почитување на човековите права на сексуалните работници, унапреден пристап до здравствени и социјални услуги, како и вклучување на сексуалната работа во формалната економија со што овие работници конечно ќе добијат работнички права. Од декриминализацијата на сексуалната работа има бенефити целото општество, особено кон превенција од родово засновано насилство, превенција од сиромаштија, социјална нееднаквост како и трговија со луѓе. Моделот на декриминализација на Нов Зеланд го сметаме за најуспешен, според кој треба да се ревидираат политиките кои ја уредуваат сексуалната работа во Р.С. Македонија- изјави Драгана Дрндаревска.

Меѓународниот ден на сексуалните работници започнува да се слави од 1975 година, на 2ри јуни кога 100 сексуални работници ја Окупирале црквата Свети Низиер во Лион, Франција. Овој настан е првата алка за започнување на меѓународно движење на сексуалните работници и борбата за остварувањето на нивните права. Од 1975 година па сѐ до денес насекаде во светот се одбележува Меѓународниот ден на сексуалните работници.

Меѓународен ден мото Сексуални работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.