Завршија денешните протести во Дебар за спас на Радика и против изградбата на големите електроенергетски објекти Луково Поле и Бошков Мост. Овиe протести беа многу помасовни од сите досегашни, и во нив учествуваа и претставници на невладини организации од Македонија и Албанија.
„Тука не собра маката и нашата намера да и кажеме ‘не’ на антиалбанската политика на Груевски. Ние знаеме дека заднината на проектот Луково Езеро е Вардар да стане пловна река. Но, ќе се бориме до крја за да го спречиме ова”, рече првиот говорник на овие протести, Башким Машкули.
Покрај него, на говорницата се искачија и гости од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга како и представници од Албанија, кои ја искажаа својата поддршка во битката за спаса на Радика.
На присутните им се обрати и претсваникот на Советот за заштита на Радика, Илиријан Фетаху. Фетаху нагласи дека ниту еден политички лидер не е овластен да одлучува за судбината на Рдаика. Ако власта се оглуши кон нашите барања, ние ќе прогласиме и граѓанска непослупшност, им порача на присутните Илиријан Фетаху.
Инаку, девијацијата на дел од водите на Радика веќе подолго време се чини како да е основна преокупација на граѓаните на Дебар и околината. Во меѓувреме, владините претставници се контрадикторни во своите изјави во врска со проектот „Луково Ееѕеро”. За време на својот неодамнешен претсој во Тирана, Министерот за животна средина, Абдилаќим Адеми изјави дека е 90 посто сигурен оти овој проект нема да се реализира.