НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моќна порака од трансродовата заедница: Ние постоиме, тука сме!

0
By Biljana on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: Ванчо Џамбаски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Скопје утре ќе се одржи втората официјална „Парада на гордоста“, или трета ако се земе в предвид и минатогодишната која се организираше онлајн поради забраната за групни собири што беше на сила минатата година поради корона пандемијата.

Во пресрет на „Скопје Прајд“, разговараме со Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите лица и коосновач на „ТрансФормА“ – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија, како и активистка за правата на сексуалните работници.

„ТрансФормА“ постои од 2011 година, кога група на млади активисти почнаа да изработуваат кратки видеа и печатени материјали наменети за транс заедницата, а фокусот на Иницијативата е зајакнување на капцитетите кај трансродовите лица во однос на основните човекови права и залагање за измени на Законот за правно признавање на родот.

Фото: Ванчо Џамбаски

Република Северна Македонија во однос на заштитата и правата на маргинализираните групи, вклучително и LGBTIQ заедницата има направено напредок во последните неколку години. Но, кога станува збор за трансродовите лица , она што е во домен на вашето делување, до каде сме со обезбедување на заштита и еднакви права за ова заедница?

Кога станува збор за напредокот од пред 6 години има поместување на работите. Имаме донесен закон за заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориетација и родовиот идентитет. Но сепак тоа се мали промени, но значајни за нас магринизираните. Имаме и Комисија за заштита од дискриминација каде за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор.

Со какви предизвици и бариери се соочуваат трансродовите лица во нашата земја и што е она што мора итно да се промени?

Предизвиците се секојдневни. Од одење во банка, користење на здравствена услуга, неможноста за вработување и вдомување, дискриминацијата и стигматизацијата. Сето ова е последица од немањето на закон за правно признавање на родот каде трансродовите лица ќе бидат граѓани од прв ред. Со законот сметам дека ќе се намали институционалната дискриминација врз  трансродовите лица и тие ќе може да ги уживаат еднакво правата со останатите граѓани. Има многу примери каде трансродови лица биле обвинувани дека користат лажни податоци кога требале да користат услуги од банка, пошта итн. Имало ситуации каде на трансродови лица им поставувале интимни прашања пред полна чекална во амбуланта каде со тоа ги доведуваат трансродовите лицаво непријатна ситуација. Јас сум имала ситуации каде сум била исмејувана од управители на институции поради неусогласените документи. Тоа што е најитно е како што кажав носење на законот за правно признавање на родот кој требаше да се донесе по пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во корист на Лицето Х против државата. Европскиот суд и наложи на државата да донесе закон кој на брз, транспарентен и едноставен начин трансродовите лица ќе можат да ги променат својте лични документи.

Утре во Скопје ќе се одржи втората Парада на гордоста. Првата несомнено помина успешно, што очекувате од вториот Прајд, колкава посетеност со оглед на тоа дека сепак се орджува во време на Ковид пандемија? Дали ќе има гости од другите земји?

Очекуваме поголема присутност на ЛГБТИ заедницата, очекуваме мирен марш низ улиците на Скопје и добра журка. Исто така очекуваме дека барем еден ден можеме да се чуствуваме слободни и свои. Ние ја следевме ситуацијата со ковид пандемијата и секако на парадата ќе се почитуваат сите мерки. Секој кој сака да не поддржи, но и да слави со нас е добредојден.

Фото: Ванчо Џамбаски

И она што е најважно, каква порака се испраќа до меѓународната заедница и до општата јавност преку еден ваков голем и успешно организиран настан, со какви што можат да се пофалат големите европски и светски метрополи?

Пораката е едноставна. НИЕ постоиме и сме тука. Кај нас сеуште не го разбираат значењето на парадите. Треба доста да се работи со општата популација за да еден ден имаме еднакво општество за сите. По самите коментари кој секојдневно ги цитаме на социјалните мрежи можеме да сватиме какво општество сме ние.

Биљана Божиновска

 

Милиќ, во ексклузивно интервју за НОВА ТВ, во јануари минатата година зборуваше за своето детство, тешките години за време на средношколските денови, кога како последица на психичко и физичко вознемирување од страна на соучениците била принудена да го напушти училиштето. За активизмот и борбата за еднакви права на маргинализираните групи. Видеото од разговорот може да го погледнете во продолжение:

ЛГБТ ЛГБТ заедница лила милиќ трансродова заедница трансродови лица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.