Во продолжение на вчерашните свирчиња, денес една минута силни свирежи од автомобилски сирени го одбележа крајот на денешниот протест на здружената опозиција.
Здружената опозиција втор ден го организираше протестот со караван возила кои се движеа низ скопските улици. Тие тргнаа пред спортската сала „Јане Сандански“ во општина Аеродром, а исто како и вчера, нивниот мирен крај беше пред зградата на Илинденска бр. 2, каде им се придружија и граѓани кои ги чекаа со свирчиња во рацете.
– Вчерашниот говор на Груевски беше најжален во поновата македонска историја. Ние сме посветени со сите демократски методи да се врати демократијата во Македонија, која оваа власт ја погреба на 24 декември. Ние граѓаните на Македонија нема да дозволиме тој ден да биде заборавен. Тоа никогаш нема да го сториме. Затоа им порачуваме дека целата одговорност од исходот на изборите ќе биде нивна, на владејачкото мнозинство – порача од овој протест пратеникот Јани Макрадули