Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една третина од смртните случаи од рак може да се спречи

0
By Нова ТВ on February 4, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 4, 2013 21:30

Една третина од смртните случаи од рак може да се спречи. Но, глобалната анкета што Светската здравствена организација (СЗО) ја спроведе по повод Светскиот ден против ракот, покажува дека преку половина од земјите во светот немаат сеопфатна стратегија што би спасила животи.

Ракот е убиец број еден во светот – во 2008-ма починаа 7,6 милиони луѓе, а секоја година се дијагностицираат околу 13 милиони случаи, според податоците на СЗО. Над две третини од новите и од смртните случаи се во земјите во развој и порастот е со алармантна стапка.

„Со стареењето на населението, а особено со изложеноста на главните ризични фактори, како тутунот, очекуваме бројот на нови случаи годишно да се удвои во текот на наредните 20 години. Познато е дека физичката неактивност, дебелината, цигарите и алкохолот се главни ризични фактори за ракот. Така, особено во поголемите градови во светот во развој очекуваме значителен пораст на лица дијагностицирани со рак“, вели Андреас Улрих од Оделот за хронични болести и промоција на здравјето при СЗО.

Но, ракот не мора да значи смртна пресуда – Улрих подвлекува дека една третина од смртните случаи може да се спречи со едноставна промена во начинот на живеење: оставање на цигарите, намалено конзумирање на алкохолот, подобра исхрана, редовно вежбање и одржување на здрава телесна тежина.

Некои видови на рак може да се спречат и на друг едноставен начин.

„Со вакцинирање, на пример, се спречуваат инфекции како хепатитисот – Б, што е причина за ракот на црниот дроб, или пак хуман папиломавирусот, причината за рак на грлото на матката. Покрај тоа, дава надеж и терапијата – постои голем напредок во клиничката медицина, под услов ракот рано да се дијагностицира“, наведува Улрих.

Според претставникот на СЗО, постојат многу ефикасни стратегии што не се скапи и што земјите со ограничени средства може да ги употребат за откривање на различни видови на рак, како оној на грлото на матката, или пак на дојката.

Анкетата на СЗО утврдила дека над половина од земјите во светот немаат сеопфатна стратегија против ракот. Податоците добиени од 185 земји укажуваат на голем јаз во планирањето против ракот и здравствените услуги што се пружаат. Само 17% од африканските земји и само 27% од оние со мал приход имаат план за спречување и откривање на случаите на рак и третман на болните. Но, ниту една од овие земји нема буџет да го поддржи спроведувањето на планот.

Превземено од Гласот на Америка

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.