Владата и политичките партии да направат се што е во нивна моќ за надминување на политичката криза, со цел ЕУ да има позитивна оценка за земјата.
Ирското претседателство и ЕК не можат да го направат тоа, туку тоа останува на вас самите, изјави ирскиот амбасадор за Македонија Оливер Гроган, по неговата дводневна посета на Скопје и средбите со властите.
– Како претседателство апелираме до сите државни институции и до политичките партии да не дозволат ова прашање да го попречи патот на европската иднина на земјата.
– Го поддржуваме секој напор кој промовира политички дијалог како клучна алатка. Ова е историски момент за вашата земја, до извештајот на Комисијата остануваат неколку недели и треба да бидат донесени тешки одлуки, рече Гроган.
Ирскиот амбасадор повтори дека проширувањето е важен приоритет за шестмесечното ирско претседателство со ЕУ.