Точно на пладне од пред спортската сала на кошаркарскиот клуб МЗТ во населбата Аеродром тргна карванот на здружената опозиција, кој по булеварите во населбата Ново Лисиче ќе продолжи кон општина Кисела Вода по булеварот Првомајска.
Карванот од Првомајска продолжува по улицата Народни херои и ќе се движи низ населбата по улиците Димо Хаџи Димов и Антон Попов.
Во Центар карванот ќе се движи по булеварот Кочо Рацин, Свети Кирил и Методиј, Водњанска, па ќе заврти по улицата Васил Ѓоргов сè до Рузвелтова, а потоа по булеварот Илинденска, ќе пристигне пред зградата на Владата на Македонија.