Претседателот Ѓорге Иванов повторно упатил покана за средба до својот грчки колега Каролос Папуљас.
На денешната средба со Теохарис Лалакос, новиот шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, Иванов изразил надежи дека во текот на мандатот на Лалакос ќе дојде до унапредување на билатералните средби на Македонија и Грција.
Претседателот Иванов и Лалакос разговарале и за можно продлабочување на соработката во сферата на високото образованието, преку создавање на заеднички студиски програми, размена на професори и студенти.
Притоа Иванов посебен акцент ставил на потребата да се склучи меѓудржавен договор за взаемно признавање на дипломите.