Лабораторијата на Секторот за екологија и подобрување на животната средина на ЈКП „Градска чистота“ го открила западнонилскиот вирус, за време на анализата на комарците во Белград.
Оттаму ги предупредуваат граѓаните да се однесуваат одговорно, да користат средства за отстранување комарци и мрежи за заштита, како и да избегнуваат да остануваат надвор за време на најголемата активност на овие инсекти – од 19 часот до полноќ, кога тимовите изведуваат активности за сузбивање на комарците.
– Апелирам до моите сограѓани да бидат внимателни и да не ги игнорираат симптомите и да повикаат доктор поради висока температура и главоболка, слабост или осип во пределот на градите, изјави директорот на ЈКП “Градска чистота” Марко Попадиќ.
Тој апелираше до своите сограѓани да не се мешаат во постапувањето на компанијата и да им дозволат на тимовите интензивно да ги сузбијат комарците, бидејќи тоа е најважно во овој момент.