СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на ресорната собраниска комисија денеска го поддржаа Предлог законот со кој Владата му одобрува на Американско-Турскиот конзорциум ,,Бехтел и Енка“да ги гради автопатите од Коридорите 8 и 10. Меморандумот за соработка со американско-турскиот конзорциум беше потпишан пред три месеци а, на потпишувањето присуствуваше американската амбасадорка Кејт Брнз.
Во Предлог законот, е предвидено стратешкиот партнер да го менаџира проектирањето и изградбата на деловите од двата коридора.Финансии ќе се „црпат“од буџетот но не е наведено колку. Понудата ќе се гради по пат на директна спогодба, без тендер, предвидува Предлог законот.
„Бехтел“ е најголемиот американски контрактор по приходи , трет во светот. Имаат 54.000 вработени од 40 земји. Пред десетина години имале бизнис со годишен исход од 40 милијарди долари.,,Бехтел“ учествувал во изградба на автопатите во Хрватска, Романија и на Косово.