НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Стевановиќ: По одморите голема е можноста за ширење на вирусот

0
By НОВА ТВ on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постои можност за ширење од новиот сој на коронавирусот и далеку е од тоа дека светот може со сигурност да пресмета кога би бил и дали наскоро ќе се случи крајот на пандемијата. Се додека имаме нови соеви кои го зголемуваат бројот на новоинфицирани низ целиот свет, пандемијата уште е далеку од завршување. Со завршувањето на годишните одмори можноста за проширување на инфекцијата е голема. Ова вечерва го рече директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ во гостување на емисијата Трилинг на ТВ 24. Таа апелира сите граѓани кои сега одат на годишни одмори, ако не се вакцинирани, сериозно да внимаваат во смисла на дистанцата и користењето на тоа што значи лична заштита.

– Многу е значајно дека потребата од прегледи на Ковид суспектни пациенти имаме се помалку или практично веќе и да ги немаме и тоа укажува дека стабилноста на епидемиолошката состојба во пракса е токму таа, дека не осцилира вирус во голема количина на нашата територија, но со завршување на годишните одмори и можноста за комуницирање и инфицирање ќе се зголеми, секако за време на јули и август. Сите тие луѓе ќе дојдат дома. Можноста да ја прошират инфекцијата е секако голема. Оттука и моето објаснување дека се уште мораме да бидеме внимателни во смисла на заштитата, рече д-р Стевановиќ.

Моментално таа не очекува нови рестрикции. Според д-р Стевановиќ, мерките ќе зависат од состојбата кај нас, меѓутоа и од состојбата која ќе ја диктира светот токму поради летниот период. Затворањето, потенцира, за нас е проблем, премногу долго време трае, треба малку да го искористиме летото, можноста да бидеме на отворено и да одмориме малку од сето ова, но никако не смееме да ги занемариме основните мерки на превенција.

– Вакцинацијата е главниот начин за што побрзо прекинување на ширење на инфекцијата и ставање крај на пандемијата. Ние исто така веќе почнуваме апсолутно масовна вакцинација дури и на деца на возраст над 12 години во повеќе различни центри низ државата со цел да се брзо постигне повисок процент на вакцинирана популација. Главната причина за вакцинацијата е дури и да не бидеме стопроцентно заштитени, последиците од инфекциите и можностите што развојот на болеста може да ги предизвика, сметаме дека ќе бидат навистина занемарливи во однос на можноста од компликации кај невакцинирана популација, рече д-р Стевановиќ.

А, граѓаните кои се имунизирани, вакцинирани со прва и втора доза во однос на делта сојот може да бидат далеку поспокојни од тоа што на глобално ниво се кажува, иако рано е да се дадат прецизни математики и согледувања врзани со ширењето на делта сојот во Европа, вели таа.

– Искуствата кажуваат дека вакцинираната популација е безбедна, но повторно ќе кажам ниту една вакцина за која било болест не овозможува стопроцентна заштита. Но, тоа што ни го овозможува со сигурност, а е многу значајно, е дека може да не задржи надвор од болниците и подалеку од сериозни компликации на болеста и најнесаканиот исход од неа. Сега и достапоста на вакцини за нашата држава е поголема и можноста да бидат помладите структури вакцинирани исто така, истакна д-р Стевановиќ.

Се соочивме со огромен предизвик и кризата многу го загрози менталното здравје, вели психологот Ивана Хаџиванова.

– Се соочивме со огромни предизвици и тоа го почувствуваа сите возрасни категории. Луѓето станаа послободни поотворени и самата криза и нарушување на психичката состојба ги натера да го надминат стравот, стигмата, предрасудите и да побараат стручна помош. Имаме голем прогрес во однос на тој дел. Тоа го докажува и зголемата бројка на клиенти со кои работиме во Центарот во сиот овој период. Има уште еден мал процент луѓе кои се уште имаат страв, срам, предрасуди и сл. меѓутоа има значително подобрување, рече Хаџиванова.

Потенцира дека голем број луѓе кои прележале Ковид-19 едвај чекаат да се опуштат, да се придвижат послободно, да функционираат, да се вратат условно кажано во нормалното функционирање. Сето тоа, појасни, многу зависи од начинот на кој е прележан коронавирусот.

– Има разлика согласно тоа како индивидуата поминала со вирусот, како поминало поблиското семејство или пријателите или кругот во кој тоа лице функционира, дали можеби се случиле некакви загуби. Некои луѓе поопуштено се чувствуваат и се однесуваат и полесно се враќаат во нормалата, но има и една категорија луѓе кај кои можеби поради тоа што се уште се соочуваат со одредени последици кои Ковид-19 ги остава долготрајно, се уште силно перзистира стравот и се уште можеби поопсесивно ги почитуваат и мерките и се однесуваат и не им е толку едноставен тој процес на враќање, истакна Хаџиванова и изрази надеж дека ќе успееме некако да се вратиме во нормала.

вирус делта сој одмори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.