НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Очекуваме политичка влада во Софија за добивање на зелено светло

0
By НОВА ТВ on July 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Северна Македонија на нашиот пат кон Европската унија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен темелник за затворен пазар во Виница.

Според Заев, при посетата на Бугарија и билатералните разговори на 17 јуни биле адресирани сите важни работи и очекува декември годинава да биде донесена одлуката.

Тој, исто така, изрази надеж дека изборите во Бугарија ќе бидат исклучително успешни и политичарите ќе креираат коалиција, што ќе биде парламентарно мнозинство и ќе формираат нова бугарска влада, со која ќе ги продолжи разговорите.

– Сакам да им посакам среќа и успех на Бугарите и на бугарската држава на изборите утре, затоа што важно е секоја држава, така и нашиот источен сосед да има стабилен Парламент и да има стабилна политичка влада, рече Заев.

Не се откажуваме и продолжуваме, посочи Заев, се додека не го решиме ова отворено прашање.

-Лично мислам дека ги адресирав сите важни работи на билатералните разговори на 17 јуни при посетата на Бугарија. Остана да се избере бугарскиот парламент и да се избере владата за да имаме надеж дека ќе се донесе одлука. Очекувам декември годинава да биде донесена одлуката, но секако да оставиме процесите да бидат успешни за да може да се израдуваме со позитивна одлука, изјави Заев.

Потсети дека 16 ипол години земјава е земја кандидат и дека ниту една друга земја не била толку пофалена и позитивно оценета.

– Верувам дека ова е повеќе прашање на достоинство на ЕУ, отколку наше. Тоа е нашиот пат, ние друг пат немаме и верувам дека ќе се случи, изјави Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.