НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За само шест часа фатени над двесте возачи под дејство на алкохол

0
By НОВА ТВ on July 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) продолжуваат со засилени едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и  со засилени контроли на сообраќајната полиција, се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. „Безбедноста во сообраќајот  на прво место“, „Не го потценувај заморот. Вози одморен! “, „Не вози под дејство на алкохол“, „Намали ја брзината, затоа што брзото возење изнудува грешки кои завршуваат фатално!“, се дел од пораките кои МВР и РСБСП овој викенд ги упатуваа  до учесниците во сообраќајот во Битола со цел подигање на свеста за важноста и за потребата од одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

МВР и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни и да разберат колку е важно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи затоа што само на тој начин, преку јакнење на колективната свест, и колективното разбирање може да го направиме сообраќајот побезбеден за сите.

РСБСП и МВР продолжуваат со активностите во рамките на Летната кампања. Сообраќајно превентивните активности се наменети за сите учесници во сообраќајот. Укажуваат на влијанието на заморот на безбедноста во сообраќајот.

Тони Ангеловски, портпарол на МВР најави дека продолжуваат превентивните и  репресивни теактивности. Тој потенцира дека во активностите кои што ги реализираат со РСБСП ги потсетуваат граѓаните дека безбедноста во сообраќајот, покрај другото е лична обврска и лично право на секој учесник во сообраќајот, и секој кој што учествува во сообраќајот е должен да ги почитува сообраќајните правила и прописи.

– Најголем дел од граѓаните се одговорни и совесни учесници во сообраќајот, но за жал се уште имаме учесници во сообраќајот кои возат под дејство на алкохол, управуваат моторно возило без возачка дозвола или ги прекршуваат правилата за ограничување на брзината.  За ваквите возачи нема место во сообраќајот и  ќе бидат санкционирани и отстранети од сообраќајот. Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07 до 12 часот на територијата на целата држава имаме 434 санкции за возење со поголема брзина од дозволената. Синоќа пак, во периодот од 23 до 05 часот санкционирани се 231 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а од нив 35 на територија на СВР Битола. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот, рече Ангеловски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.