НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од утре почнува аплицирањето за бескаматната кредитна линија на Развојна банка

0
By НОВА ТВ on July 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од утре, 09:00 часот, почнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија „Ковид 4”. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 7 јули 2021 година, а ќе трае 20 дена.

Како што соопшти Развојната банка, за кредит со можност за грант компонента до 50 отсто, односно 15.000 евра, може да аплицираат трговски друштва од дејноста на угостителството, транспортот, туризмот и ивент индустријата; приватни здравствени установи (ПЗУ), трговци-поединци (ТП) и занаетчии од сите дејности. Субјекти кои користеле средства од Мерка 1 од петтиот сет економски мерки за финансиска поддршка на плати за февруари и март од Управата за јавни приходи (УЈП) и субјекти кои користеле кредит од ,,Ковид 3” нема да може да користат кредит од ,,Ковид 4”. Субјекти кои користеле кредит од ,,Ковид 1” и/или ,,Ковид 2” и немаат неизмирени достасани обврски на денот на аплицирање (15 јули 2021) ќе може да користат кредит од „Ковид 4”.

Максималниот износ на кредит е 30.000 евра, додека минималниот износ на кредит е 3.000 евра, грејс-периодот е до 12 месеци, а периодот на отплата до 42 месеци.

-Износот на кредит кој може да биде одобрен за субјектите зависи од падот на приходите во 2020, во однос на 2019 година: субјекти со пад на приходи од 30 до 50 проценти може да аплицираат за максимален износ на кредит кој изнесува: 15.200 денари по три месеци по број на вработени и субјекти со пад на приходи над 50 отсто може да аплицираат за максимален износ на кредит кој изнесува 22.000 денари по 3 месеци по број на вработени, информира Банката.

Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија треба да имаат пад на приходите од најмалку 30 отстово 2020 во однос на 2019 година, како и главница и резерви не помалку од 33 проценти од износот на бараниот кредит. Прнципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде „прв дојден, прв услужен”.

Корисниците на кредит од оваа кредитна линија ќе може да побараат грант компонента до 50 отсто од износот на кредит. Субјектите кои ќе покажат раст на вработените во 2021 во однос на 2020 за најмалку пет проценти, ќе може да користат грант од 20 отсто. Субјектите кои ќе покажат раст на вкупните приходи за најмалку 10 отсто за истиот период, ќе може да користат грант од 30 проценти. Субјектите кои ќе ги зголемат и вработените и вкупните приходи, ќе може да користат грант од 50 отсто од износот на кредитот.

Поднесувањето на кредитните барања е по електронски пат на е-маил адресата kreditiranjecovid4@mbdp.com.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.