До петок ќе се задржи сончево и многу топло време, а од викендот се најавува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурите од петок ќе бидат во постепено опаѓање.
До крајот на денот времето ќе биде сончево и многу топло со ма а локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен попладне долж Повардарието. Максималните температури ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала локална облачност. Температурите ќе се движат до 39 степени.