НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УПОЗ: Предлогот за видео надзор над административците е противзаконски и нехуман

0
By НОВА ТВ on July 14, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлозите на Владата преку видео надзор и боди камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните се нехумани, против законски и  дискриминаторски сметаат од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ.

Владата, нагласуваат од УПОЗ, е должна да го консултира и да го вклучи Синдикатот како социјален партнер при донесување на вакви законски решенија кои се однесуваат за условите за работа што е пропишано и со законите и со колективните договори и сметаат дека ваквите предлози доаѓаат како одговор на нивното барање да отпочне преговори за платите на администрацијата бидејќи, како што велат, 95 проценти од вработените имаат плата под просекот на државата.

Од УПОЗ, посочуваат дека се изненадени од предлозите истакнати на вчерашната седница на Владата на која се разгледувале предлози преку видео надзор и боди камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните и посочуваат дека се затекнати и од констататацијата дека сето ова Владата го предлага како механизам за контролирање на работата на службениците, а со цел да служи за превенција од корупција.

– Затоа го поставуваме и прашањето која европска држава има ваква пракса? Според нашите сознанија, на пример, во САД само оперативните служби кои се во акција можат да имаат камера на себе како и мобилните екипи на царината и евентуално сообраќајната полиција. Дали при предлагањето на оваа точка Владата го имала предвид фактот дека со Закон е забрането снимање на вработените и граѓаните, а дозволено е снимање, само заради безбедност на објектите, што е дел  од македонската и од европската регулатива, се вели во соопштението од УПОЗ.

Синдикатот на УПОЗ, во соопштението нагласува дека никогаш нема да се согласи вработените да бидат снимани со камери и на себе да носат камери, како и дека ќе се обрати до Владата со барање итно да се стопираат ваквите предлози и Синдикатот задолжително да биде вклучен во донсесување на прописите кои ќе ја регулираат оваа материја.

– Синдикатот на УПОЗ бара да престане атакот врз администрацијата која одреден период во државата доаѓа од поединци и организирани групи со цел да се оцрни и омаловажи администрацијата што на крај дава негативна слика за државата во целост. И после ова прашуваме, дали корупцијата во државата е присутна само кај административните службеници кои директно работат со граѓаните или одговорноста за корупцијата треба да се бара пошироко и посебно кај оние кои ја водат администрацијата, се вели во соопштението од УПОЗ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.