НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муцунски: Промената на ставот на СДСМ за резолуцијата ги ослабнува македонските преговарачки позиции

0
By НОВА ТВ on July 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Република Македонија и треба единство, не разединување. ВМРО-ДПМНЕ понуди резолуција за единство, СДСМ бара причина за разединување, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Тој додадед дека Извршниот комитет на партијата останува на предложениот концепт за единство на сите политички партии, зад текстот кој е создаден и напишан од, како што вели, врвните научни, образовни и општествени институции МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.

-Не би сакале да веруваме дека зад одлуката на СДСМ стои оставање на простор за пазарење со националните и државните интереси од највисок интерес, идентитетот, јазикот и националната засебност на македонскиот народ, кажа Муцунски.

Тој вели дека структурата на предложената Резолуција е концепт зад кој, за првпат, политичките партии може да најдат минимум простор за заеднички позиции.

– За националните и државните интереси треба да го најдеме тоа што не обединува. Фактот што СДСМ одлучи да го промени својот став по третпат и да отвора теми кои не се поврзани со содржината на резолуцијата, за жал ги ослабнува позициите на Македонија во било какви идни разговори со Бугарија. Обврска на државниот врв е да обединува, а не да разединува. СДСМ го прави токму второто. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати една одлично структуирана Резолуција, зад која стои авторитетот на највисоките образовни и научни институции, да стане предмет на партиски калкулации и пазарења. Ние цениме дека усвојувањето на оваа Резолуција е од исклучителна важност за забрзување на европската перспектива, зацврстување на државниот и националниот суверенитет на Република Македонија. Собранието на Република Македонија во овие критични моменти на нашиот развој е повеќе од потребно да излезе со единствен државен став во поглед на прашања кои се од национално значење и кои се очекува да придонесат за непречениот развој на нашата држава, но и за унапредувањето на мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион и Европа во целина, објасни Муцунски.

Претходно премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека за владејачкото мнозинство е неприфатлива Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поднесена во Собранието за заштита на националните црвени линии, затоа што во неа не се користи уставното име на земјата.

-Во резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, а во Уставот стои Република Северна Македонија. Секоја резолуција има преамбула, а таму е избегнато уставното име. Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Македонија, ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните за тоа прашање се изјаснија на Референдум и согласно Уставот. Така што очекувам да се почитува Уставот од страна на сите коишто се должни да го почитуваат, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.