Теориите за исчезнувањето на малезиската Боинг 777, кој светот безуспешно го бара веќе две недели, станува се повеќе и повеќе неверојатно, но сите од нив ги надмина CNN.
Водителот Дон Лемон отиде толку далеку што експертите кои се појавија на шоуто ги праша дали е можно дека авионот бил проголтан од црна дупка.
Лемон им ја пренесе пораката на гледачите од Твитер кои сагата за исчезнатиот авион ја споредуваат со сериите „Изгубени“ и „Сона на самракот“, но особено го заинтересира теоријата за црната дупка.
„Тоа е она што луѓето го велат. Знам дека е лудо, но дали е тоа навистина лудо?“, ги праша Лемон соговорниците.
Во студиото на кратко завладеа тишина, но на крајот поранешната инспекторка на Управата за транспорт на САД, Мери Шиаво, рече дека тоа е потполно лудо, а дека такво нешто е можно само во ТВ сериите.