Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче учествуваше на состанок на Македонско-турската стопанска комора

0
By НОВА ТВ Balaban on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 15, 2021 11:27

Министерот за здравство, Венко Филипче,  учествуваше на состанок на Управниот одбор на Македонско-турската стопанска комора во Македонија (МАТТО), при што во обраќето на присутните и се заблагодари за помошта и поддршката која многу компании членки на Комората ја дадоа на јавното здравство, на бизнис заедницата, како и на населението во услови на пандемијата. 

Како што информира Министерството за здравство, на состанокот Филипче ја истакна средбата со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, и донацијата на вакцини, која нашата земја ја доби од Турција и беше значајна за нас.

– Особено важно за сите нас е што во периодот на пандемијата видовме колку значи поддршката која меѓусебно ја даваме и ги обедини сите држави во светот, додаде Филипче. 

Министерот Филипче истакна колку е важна и значајна едукацијата во здравствениот систем, која со години била запоставувана, како и значењето на приватниот капитал во здравствениот систем, кој е еден сегмент од целокупното здравство, а кој во услови на пандемијата покажа дека може добро да се справи со целата ситуација.

Претседателот на Комората, Ајдован Адемоски истакна дека МАТТО е петти партнер во областа на инвестициите на Северна Македонија и осми во областа на трговијата.  

– Моменталниот обем на трговија изнесува околу 500 милиони долари. Мисија на МАТТО е и да биде економски мост помеѓу двете земји. Иако МАТТО е Стопанска комора, таа е исто така и истражувачка организација бидејќи поддршката која и ја пружа на нејзините членови и сродни компании во голема мера се заснова на информации и контакти, рече Адемоски.

Министерството за здравство информира дека има долгогодишна соработка со МАТТО и бележи исклучителна поддршка во унапредување на македонскиот здравствен систем низ годините, а исклучително во изминатите неколку години. 

Венко Филипче Македонско-турската стопанска комора МАТТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

ВЕСТИ May 26, 2026

Новото задолжување на државата наиде на жестоки критики од опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, која…

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.