НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Патарини се плаќаат за да имаме модерни патишта

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска заедно со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи извршија увид во работите на реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“.  Реконструкцијата на улицата се врши во соработка на двете институции и средства од Светска банка преку проектот „Поврзување со локални патишта“.

-Неодамна ветивме дека ќе се работи на две улици во градот, сега сме повторно овде да го одржиме ветувањето. Општина Тетово преку проектот има на располагање преку еден милион евра за реконструкции на нивни улици. Очекувам наскоро завршување на градежните работи со што ќе добиеме целосно нов лик во овој дел од градот. Драго ми е што општината работи на подземната инфраструктура и инсталации од клучно значење е за подобрување на животот на граѓаните и подобар развој на општината, истакна министерот Бочварски.

Бидејќи се работи на реконструкција на само половина од  улицата „Гоце Делчев“ градоначалничката Теута Арифи најави дека за останатиот дел со калдрма со општински пари ќе се работи на уредувањето.

–Планираме со друга општинска програма да работиме, не сакавме да го смениме стариот лик на градот. Пред стара библиотека ќе има преуредување на калдрмата. Посензитивна работа е калдрмата, има помлаку компании кои тоа го работат, рече градоначалничката Теута Арифи.

Од средствата на Светска Банка за улица „Гоце Делчев“ има над 15 милиони денари и шест милиони денари за „Ѓоце Стојчевски“.  Градоначалничката најави дека со преостантите средства ќе се работи на уште две други улици.

Воедно, одговарајќи на новинарски прашања, Бочварски кажа дека патарините на автопатите се плаќаат за да имаме модерни патишта, да можеме да ги одржуваме, при зимски услови да ги исчистиме од снежни наноси и почесто да ги реконструираме, за да бидат во добра кондиција.

– Токму поради наплатата на патарините и токму поради тоа што развојот на инфраструктурата во државата ни е еден од клучните приоритети веќе работиме на целосна реконструкција и проширување на автопатот  Тетово – Гостивар. Се работи на проектирање на новата траса Тетово – Гостивар која што ќе биде траса за едниот правец, а постојната ќе остане за другиот правец. Владата има во план целосна реконструкција на овој автопат којшто ќе биде и покомотен и побезбеден, рече Бочварски во одговор на прашање при денешниот увид  во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово.

Заради тоа, додаде тој, важно е да се плаќаат патарините заради тоа што во овие четири години реконструиравме, рехабилитиравме и изградивме преку илјада километри патишта во државата.

– Кога ќе се реконструира тој автопат постојното решение ќе биде целосно во едниот правец од Тетово кон Гостивар, а другата траса која што ќе биде изместена, нема да биде паралелно со овој пат, ќе биде од Гостивар кон Тетово. Секако дека и тогаш ќе се плаќаат патарини заради тоа што по Законот за јавни патишта во државата на сите автопати се плаќа патарина по такса која што е утврдена со закон. Тоа е исклучиво само заради аспектот да имаме модерни патишта, да можеме да ги одржуваме, да можеме при зимски услови да ги исчистиме од снежни наноси и почесто да ги реконструираме за да бидат во добра кондиција заради тоа што патиштата се лицето на државата и за нашите граѓани и за оние коишто влегуваат и транзитираат низ Република Северна Македонија, потенцира Бочварски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.