НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американска донација во опрема и техничка помош за граничниот премин Ќафасан – Ќафтане

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: foursquare.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мобилни скенери, дензитометри и камери, се дел од опремата што УСАИД ја донираше за царинските управи на Северна Македонија и Албанија, за олеснување на трговијата и транспортот и подобрување на прекуграничната соработка меѓу двете земји со цел воспоставување заеднички граничен премин и заеднички контроли на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане.

Донацијата во вредност од 100.000 евра, која се состои и од советодавна помош, денеска на граничниот премин Ќафасан ја промовираа амбасадорките на САД во Северна Македонија и во Албанија Кејт Мари Брнз и Јури Ким, претставникот на царинската администрација на Северна Македонија, Илија Јаноски и директорот на албанската царина Генти Гажели

Безбедните и ефикасни гранични и царински контроли, според амбасадорката Брнс, се неопходни за олеснување на трговијата и транспортот, за побрзо пренесување на стоките преку границата и за поврзување на локалните бизниси со регионалните и глобалните пазари и синџири на снабдување.

– Овој граничен премин е важен пример, бидејќи е на Коридорот 8, стратешки правец што го поврзува регионот, од Црното Море до пристаништето Драч, од земја-членка на ЕУ до аспиранти за членство во Унијата. Коридорот 8 е приоритет за Владата на Северна Македонија, а треба да се гледа и како приоритет за регионот. Со градење и инвестирање во оваа важна инфраструктура и со зголемување на соработката на границата, Северна Македонија и Албанија ќе имаат и дополнителни придобивки, покрај тоа што ќе го намалат времето на чекање на граничните премини, рече Брнс.

Воспоставувањето зелени ленти и прифаќањето на Заедничкиот акциски план за регионален пазар, заклучи дека се важни чекори на патот кон ЕУ.

– Сите земји од регионот мора да работат заедно, да ги комбинираат своите единствени предности и силни страни за да се реализираат овие цели. Владата на САД гордо ги поддржува напорите на владите на Северна Македонија и Албанија да воспостават заеднички контролни точки на границата, додаде Брнс.

Царинската управа, како што истакна претсавникот Јаноски, постојано е насочена кон развивање на решенија и услуги, со кои се поедноставува и олеснува работата на учесниците во царинската и надворешно-трговската постапка.

– Се создаваат подобри услови како за царинските службеници, така и за другите гранични агенции, кои секојдневно се присутни на граничните премини. Ни претстојат активности за координирано усогласување на барањата, взаемно признавање на документите што ја придружуваат стоката, соработката со царинските органи, Овластен економски оператор, зелени коридори за сите стоки, 24-часовна секојдневна достапност на услугите на граничните служби, како и продолжување со модернизација, зголемување на

безбедноста, ефикасноста и ефективноста во работењето и борба против корупцијата, истакна Јаноски.

Опремата, според амбасадорката на САД во Албанија Ким ќе им овозможи на царсинските службеници да достигнат највисоки стандарди во царинските процедури.

– Алатките и опремата набавена од страна на УСАИД, заедно со тимската работа и тесната соработка меѓу двете страни, ќе им овозможи на царинските власти на Ќафтане – Ќафасан да ги достигнат највисоките стандарди за царинските процедури, овозможувајќи на тој начин поволно бизнис опкружување и безбедносни контроли, рече Ким.

Оливера Миовска, претставник на АМЕРИТ Македонија сообраќај, се заблагодари за соработката на двете царини за воспоставување на проектот, кој, според неа, ќе значи многу за транспортната унија.

– Тоа ќе значи многу за транспортерите. Побрзо поминување на границите, пократки гранични формалности и единствени котроли на едно место со едно застанување. Националните економии зависат од транспортот, тие зависат од меѓународната размена експортот и импортот, увозот и извозот, а сето тоа бара транспорт. Свативме дека транспортот е битна тема на агендите, која треба да се воспостави кај сите влади, истакна Миовска.

Заедничките гранични премини и заедничките контроли значително го намалуваат времето на поминување на стоките преку границите, а нивното воспоставување претставува исклучително важен чекор за подобра подготовка на земјите за економска интеграција во ЕУ. Во таа насока премиерите на Република Северна Македонија Зоран Заев и на Албанија Еди Рама, неодамна во Тирана потпишаа Спогодбата за започнување на заеднички гранични и царински контроли на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.