НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на ОН: Добро се управуваше со здравјето на луѓето во текот на целата 2020 година

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2020 година, Северна Македонија го подготви својот прв Доброволен национален преглед (ДНП) што служи како основа за напредокот кон Целите за оддржлив развој (ЦОР), со забележани значајни достигнувања во категориите Луѓе и Благосостојба. Земјата оствари еден од долгогодишните стратешки приоритети – членство во Северно-атлантската организација (НАТО).

Поради неможноста да се започнат преговорите за пристапување во Европската унија (ЕУ), предвремени парламентарни избори беа закажани за април 2020 год, а техничката Влада беше формирана во јануари 2020 год, се вели во извештајот на Обединетите нации за остварените резултати на Република Северна Македонија во 2020 година.

Во извештајот објавен неодамна се вели дека кога во март се случи епидемијата со КОВИД-19, во земјата имаше техничка Влада и распуштено Собрание, што значително го усложни одговорот кон КОВИД-19 бидејќи Владата имаше ограничени овластувања и мандат да донесе итни и сложени анти-кризни мерки. За да се надмине тоа, Претседателот прогласи и двапати ја продолжи вонредната состојба, со што и и овозможи на техничката Влада решително да одговори на пандемијата. Поради тековната криза, изборите беа одложени за месец јули и резултираа со тесен реизбор на истата коалиционата Влада.

-Влијанието од кризата со КОВИД-19 ги поткопа придобивките за одржливиот развој во последната деценија. Влијанието врз здравјето беше релативно умерено и со него добро се управуваше во текот на скоро целата година, иако здравствениот систем се соочи со голем број предизвици, главно поради ограничените ресурси, опрема и материјал. Од психо-социјален аспект, нарушеното образование на сите нивоа ги загрози резултатите од учењето за многу генерации, додека само-изолацијата, финансиската несигурност, стравот и вознемиреноста придонесоа за психосоцијални нарушувања и го зголемија родовото и семејното насилство до 45%, при што децата беа 10% од жртвите, се вели во извештајот.

Според извештајот на ОН, непосредното економско влијание на КОВИД-19 беше предизвикано од одложените и прекинати синџири на снабдување, што најмногу влијаеше на извозно- ориентираната индустрија којашто е многу зависна од пазарот на ЕУ. Несигурноста за храна и медицински материјал за среќа траеше кратко време како резултат на брзото воспоставување на зелени ленти помеѓу членките на Договорот за слободна трговија на централна Европа (ЦЕФТА) и земјите од ЕУ.

-Забраната за социјални активности влијаеше главно на микро и малите компании во угостителскиот сектор и културата, а забраната за патување влијаеше на секторите туризам и транспорт и на сезонските работници. Ситуацијата дополнително се влоши во текот на второто тромесечје од годината кога се почувствува најсилното влијание врз економијата, а влијанието врз здравјето беше најизразено во последното тромесечје, се вели во извештајот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.