НОВА започнува со нова емисија, ПРОЦЕС во која ќе ги реконструираме случаите, ќе анализираме дали институциите затаиле, дали имало причина за жалба или не. Тука сме да ги едуцираме граѓаните.
Во првата емисија преку случајот на Самедин Неби, човекот кој две години талка низ институциите на системот, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет ќе објасни каде затаиле институциите, зошто овој човек две години не може да си ги добие парите од Министерството за здравство, за операција на неговата сега почината сопруга.
Во емисијата ќе ја видиме потресната сторија за овој самохран родител, татко на три деца. Автор е Менче Атанасова Точи