Слепите лица за првпат добиваат алатка-Аудио читач, која им обезбедува поголема независност и непречено функционирање во секојдневието.
– Аудио читачот има огромно значење затоа што ќе им го промени животот на најмалку 3000 слепи лица само во нашата држава. Слепите лица ќе бидат подобро информирани, активно ќе бидат вклучени во општественото живеење и најважно од се ќе бидат независни, посочи министерката Шахпаска.
Читачот на македонски јазик кој е наречен „Кико“, е веќе готов и овозможува пишаниот текст да се слушне и разбере во аудио верзија. Во финална фаза е и Хана – албанската верзија, која наскоро ќе биде достапна и за граѓаните чиј мајчин јазик е албанскиот.