Враќањето на поднесената интерпелација повикувајќи се на усогласување на членот 136 од Деловникот на Собранието и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, откако претходно собраниските служби ја вратија поднесената интерпелација за спикерот Талат Џафери.
-Укажуваме дека интерпелацијата и нејзината форма се единствени и дека врз нив не се применуваат одредбите кои што се однесуваат на предлог на закони како што е наведено во самото барање односно не се повикуваат на членот 136 од Деловникот. Членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон, истакна Мицевски.
Џафери ја врати на корекција поденсената интерпелација против него, бидејќи документот не бил поднесен со уставното име на земјата и побара текстот да биде корегиран во период од 15 дена.
Интерпелацијата беше поднесена поради тоа што тој го прекршил Уставот зборувајќи на албански јазик пред европските институции.