НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ја укина дополнителната акциза на дизелот

0
By НОВА ТВ on July 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Сe укинува дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена. Целта е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза“, информираат од Владата.

Оттаму додаваат дека со измените што се направени во Законот за акцизите во април годинава ќе нема висок раст на цените на горивата, така што поставиле варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза.

-Така, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува што ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас, се додава во соопштението.

Според законското решение дополнителната акциза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон, ако е помеѓу 390 и 590 долари за тон дополнителната акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари за тон тогаш дополнителната акциза е 0 денари, односно се укинува. Кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство е предвидено дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 долари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светската берза е меѓу 400 и 600 долари за тон и доколку цената на светската берза е над 600 долари таа изнесува 0 денари.

Согласно законското решение создадени се услови за укинување на дополнителната акциза кај дизел горивото, за што Регулаторна комисија денеска ја донесе одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт. Претходно беа исполнети условите за укинување на дополнителната акциза кај бензините.

-Сите мерки што Владата ги презема се во насока на заштита на здравјето на граѓаните, на поддршка на стопанството, како и ранливите категории граѓани и се донесени во консултација со сите релевантни општествени чинители. Притоа особено се внимава во услови на пандемија која го зафати светот, соодветно да одговориме за намалување на последиците. Во таа насока се и мерките донесени во шесте пакети антикризни мерки, а во таa насока е и намалувањето на ДДВ кај електричната енергија за домаќинствата, заклучуваат од Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.