НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Пејкова: Повредите на екстремитетите во светот се поретки поради опремата

0
By НОВА ТВ Balaban on July 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повредите се случуваат и на работа и во домашни услови. Гледаме најразлични типови на повреди, од оние на машини за сечење лимови, профили, дрва, циркулари, брусилици, машини за косење, машини за мелење пченка итн. Тие се случуваат на работните места, но почесто и дома кога пациентите сметаат дека самите можат да завршат некоја работа во дворот, најчесто без никаква заштитна опрема. Ние ги знаеме и типот на работата на машините, со што можеме и да претпоставиме каква ќе биде повредата и што да очекуваме. Секако ги имаме и повредите во домот и тоа од миксери, машини за мелење, сечење со нож, коишто, исто така не се наивни повреди. Во тој случај, почесто ги гледаме повредени жените, одговара доц. д-р Софија Пејкова, директорка на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија во интервјуто за НоваТВ.

Во оваа установа во минатата недела му беше успешно реплантирана десната подлактица на 54 – годишниот Џафер Алија. Работејќи со моторна пила пред месец и пол Џафер се самоповредил и си ја отсекол подлактицата. Од Клиниката, каде бил примен во тешка здравствена состојба, пред неколку дена тој си замина дома, пресреќен што лекарскиот тим успеал да му ја спаси раката. Пред околу две години  тука беше успешно оперирана и пациентка од Скопје која се повредила работејќи на машина за мелење месо во трговски ланец, при што раката ѝ била згмечена, со многу скршеници, но за среќа, не била откината.

Д-р Пејкова, колку е сложена оваа интервенција – реплантација на дел од екстремитетот, во која учествуваа и други колеги хирурзи и други специјалисти ? Што е најкомплицирано при ваков зафат кој дури три децении не бил направен на Клиника?

– Реплантација на екстремитет е една од најкомплицираните хируршки процедури воопшто. Опфаќа реконструкција на сите ткива, почнувајќи од коските, анастомозирање на венски и артериски крвни садови, реконструкција на нервите на екстремитетот, поправка на мускулно-тетивниот апарат, кој на подлактицата опфаќа 20 мускули и уште повеќе тетиви, па, на крајот, да се погрижиме и за кожната покривка. За изведување на сите овие процедури потребни се хирурзи од повеќе специјалности, вклучувајќи трауматолог, васкуларен хирург и пластичен и реконструктивен хирург, се разбира, со огромна подршка од анестезиолог. Секоја алка од хируршкиот зафат е неопходен за да се направи реплантацијата, но и да се добие функционален екстремитет.

Што е најважно, освен способен лекарски тим, за некој повреден да биде успешно опериран по вакви несреќи?

– За да се има добар резултат, повеќе работи се во прашање, а се водиме од принципите во пластичната и реконструктивна хирургија и нашите искуства. Сè почнува од прегледот на пациентот и историјата за настаната повреда. Најпрво ампутираниот екстремитет, прст или шака, треба да е во состојба што може да се реплантира т.е. зачува. Тоа зависи од типот на повредата. Многу често конвасантни повреди т.е. згмечувања на екстремитетот, експлозивни повреди и слично, не оставаат простор да се направи ваков оперативен зафат. Потоа зависи и од општата состојба на пациентот, дали е во животозагрозувачка состојба, кога предност се дава да се спаси животот на пациентот.

Каква итна помош мора да се укаже од најблискиот што ќе се најде до повредениот кому му е откината шака, подлактица, прст?

– Ампутација на екстремитет е тешка повреда. Во прв момент не се работи само за зачувување на екстремитетот, туку за спасување на животот на пациентот. Насоките и правилата за секоја потешка повреда започнуваат од исто место. Се бара итна медицинска помош. Кога станува збор за ваков тип на повреда, потребно е да се направи компресија со чиста крпа на местото на повредата со што ќе се запре или намали крварењето. Доколку станува збор за комплетно откинување на дел од екстремитетот, истиот треба да завитка во чиста крпа, да се стави во најлонска ќеса и да се постави на мраз – вели д-р Пејкова.

Се случило ли некогаш да можело да му биде реплантиран дел од орган на пациентот, а тоа, за жал, не било возможно, бидејќи несоодветно бил донесен откинатиот дел од екстремитетот?

– Како што веќе спомнав, доста е покомплициран процесот на решавање на овие повреди. Да, се случува да биде несоодветно донесен, но поголем проблем може да биде состојбата на ампутираниот дел, како и временскиот период од времето на повреда до операција, што во нашиот случај бараше да не биде подолг од 6 часа.

Во светски рамки, кој е процентот на успешност при овие операции? 

– Станува збор за ретки повреди, особено во Европа, а истото е поради носењето заштитна опрема при работа. Бројките се разликуваат и во зависност од тоа за каков тип на ампутација се работи, на пример ампутација на единечен прст, повеќе прсти, комплетна ампутација на шака, цел горен екстремитет или стопало, нога… И, се разбира зависи од многу фактори. Од досегашните направени статистики за комплетна ампутација на шака, на светско ниво, успехот на реплантација е околу 70-80 отсто.

Овие интервенции бараат и специјална опрема, инструменти и друго. Располага ли Клиниката со сè што е неопходно за овие процедури ?

– Секако! Клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија располага со хируршки инструментариум и сетови што ги задоволуват потребите за решавање на овие повреди.

За време на оваа сложена операција, заедно со целиот тим, сте биле во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет во Скопје. Кога беше „најгусто“ додека опериравте, чекавте ли на негова сугестија што да се прави или д-р Азман само ја надгледуваше интервенцијата?

– Со проф. д-р Оскар Азман имаме одлична повеќегодишна соработка. Како визитинг професор, тој редовно одржува предавања за нашите студенти и специјализанти на Медицинскиот факултет, но и консултации со наши пациенти за коишто ни е потребна  неговата експертиза во областа на реконструкција на нерви и бионична реконструкција на горен екстремитет. И овој случај не беше исклучок. Како ретка повреда, не само во нашата земја туку и на европско ниво и тип на операција што не е направена долги години на нашата клиника, го искористивме неговото знаење и совети со цел за поуспешен резултат и задоволен пациент. Бидејќи не станува збор само за таа итна интервенција, туку сериозно и посветено следење на пациентот потоа. Пациентот е сега дома, но патот на неговата рехабилитација е долг и ние ќе бидеме секој чекор со него.

Што е уште важно за овие компликувани зафати, кои можеби се и во ранг на пресадување органи, бидејќи се оштетени крвни садови, ткива, коски, да завршат успешно ?

– Секоја операција е посебен предизвик, секоја состојба си носи одредена тежина и различен пристап и решавање. Од една страна,  имате голема траума на организмот, а од друга, имате тешка болест. Она што секогаш е на прво место е пациентот како посебна личност и не мислам само на неговото физичко здравје, туку и на менталното. Соработката помеѓу пациентот и лекарот пред и по  операцијата е доста битен момент. Секој доктор е најисполнет кога испраќа дома среќен и задоволен пациент – порачува д-р Софија Пејкова.

Да потстетиме, оваа комплексна интервенција, беше изведена од тим на стручни хирурзи и анестезиолози од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија: освен доц. д-р Пејкова, во операцијата учествуваа и колешките д-р Бисера Николовска и д-р Гордана Георгиева. Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, од Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска.

Љубица Балабан

десна рака Интервенција Клиника за пластична и реконструктивна хирургија реплантирана Софија Пејкова успешно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра завчера во Киманово стана уште еден во низата на натпревари преплавени од националистички скандирања и говор на омраза. Уште по скандалозно е што овој пат, антиалбанските скандирања се случуваа во присуство на владина делегација, меѓу кои беа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, кумановскиот градоналачник Максим Димитриевски. и други високи државни претставници. Скандалозните антиалбански скандирања кој се слушаат на објавеното видео од натпреварот можеа да ги слушнат сите во салата, но се чини дека тие не допреа до високите владини претставници на трибините, меѓу нив и најповиканиот, шефот на МВР, Тошковски. Апсурдноста на националистичките скандирања е уште поголема ако се знае дека репрезентацијата на Северна Македонија е од мешан етнички состав. ЛибертасСоцијалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги осуди навредливите скандирања на навивачите на синоќешниот кошаркарски натпревар во спортската сала во Куманово, на кој присуствуваше и владина делегација. Од СДСМ сметаат дека говорот на омраза и навредите кон која било етничка заедница е обид да се создаваат поделби меѓу граѓаните, а најчесто тоа се случува пред избори. „СДСМ апелира до сите граѓани да останат разумни и да не подлегнуваат на провокации и на насилен национализам кој намерно се активира секогаш кога се приближуваат избори. Не е првпат да гледаме како одредени стрктури ја разгоруваат омразата со една цел, да ги поделат граѓаните и да ја пренасочат дебатата од реалните проблеми“, се вели во реакцијата од СДСМ. Оттаму очекуваат иста ваква осуда од премиерот и од владините претставници што биле присустни на настанот. Според ДУИ, молкот и отсуството на институционална реакција за настанот не може да помине без конкретна политичка одговорност, па затоа бараат оставки од функционери на коалицијата ВЛЕН. „Бараме непосредна оставка од Астрит Исени, заменик-министер за внатрешни работи и оставка од Сафие Садики Шаини, заменик-министерка за спорт, поради нивниот неуспех да реагираат, да го заштитат јавниот интерес и да адресираат еден тежок инцидент што директно го загрозува меѓуетничкиот соживот и достоинството на албанските граѓани“, се вели во партиското соопштението. Покрај тоа, бараат и сите претставници на Албанците во Владата што извршуваат клучни финкции да се дистанцираат од овој неприфатлив акт и да ја отворат оваа тема на следната владина седница, со предлог за строги санкции кон одговорните и веднаш да се повлечат од оваа Влада што поттикнува поделби и омраза. „Извинувањето не е решение. Извинувањето нема вредност кога истиот пристап се повторува во секој сличен случај. Остуство на реакција значи соучесништво“, пишува во реакцијата од ДУИ, Реакцијата најверојатно е поттикната од задоцнетата реакција на Општина Куманово, кои преку соопштение на Фејсбук, еден ден по напреварот изрази жалење за она што, како што велат, ден подоцна воочиле дека на натпреварот во еден момент од одредени поединци во публиката имало скандирање на неприфатливи пароли со кои се подгрева етничка нетрпеливост во општина која се темели на мултиетнички вредности, како што објавија на Фејсбук, во оваа прилика, Општина Куманово јавно ги осудува ваквите скандирања и се оградува од истите во својство на домаќин на настанот. Одговорност за навредливите скандирања на натпреварот во Куманово побара потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи кој со Фејсбук пост го осуди скандалозното скандирањето со антиалбански пораки на навивачите на кошаркарскиот натпревар што синоќа се одигра во спортската сала во Куманово. Според него, отсуството на реакција од самиот премиер и од Владата, пак, испраќа позагрижувачка порака за нормализација на овие трендови.

ВЕСТИ August 4, 2025

Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра завчера во Киманово стана уште…

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.