Продолжуваат со засилено темпо подготовките за теренскиот попис и тече конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори, информира владиниот портпарол Душко Арсовски.
-На првиот ден од конкурсот се пријавиле 640 кандидати. Има пријавено кандидати во сите 50 пописни реони и за попишувачи и за инструктори. Конкурсот ќе трае до 5 август, а конечен избор на кандидатите ќе има на 15 август, по што ќе следува обука, додаде Арсовски.
Тој истакна дека учеството во пописот е одговорност за секој граѓани и на тој начин ќе се придонесе за држава базирана на податоци, а не на претпоставки.