„На само шест километри по влезот во Македонија од граничниот премин со Грција, кај Гевгелија, отворена е новата модерна бензинска станица под брендот Галф Оил (Gulf Oil)“, информираат од компанијата.
Оттаму додаваат дека следејќи ги високите светски стандарди на американскиот бренд, новата бензинска станица во Гевгелија е на површина од 2.566 м2 и располага со современи пумпи, паркинг простор за лесни и тешки моторни возила, просторни тоалети опремени со тушеви, мини маркет со широк асортиман, „WI-FI“ интернет, а најавуваат дека наскоро ќе започне со работа и современ угостителски објект.
„Новата бензинска станица на своите потрошувачи им ги нуди врвните моторни масла на Галф Оил, како и премиум горивата на светскиот бренд – „Екстрим Дизел“ и „Џи Форс“, кои го подобруваат вбризгувањето на горивото во моторот, ја намалуваат потрошувачката на гориво и овозможуваат оптимално согорување на горивото. Брендот Галф Оил (Gulf Oil) повеќе од 100 години ја гради својата традиција како глобален бренд етаблиран и присутен во повеќе од 100 земји на сите континенти“, истакнаа од „Галф Оил“.
Според нив, уште една потврда за врвниот квалитет на услугите и производите што ги нудат е партнерството со еден од легендарните тркачки брендови во Формула 1 – „Мекларен“, а од оваа година супер брзите автомобили на „Мекларен Аутомотив“ ќе ги користат моторните масла и специјално дизајнираните горива за мотори со високи перформанси на Галф Оил.