Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна расправата за Законот за државјанство – поднесени над 1.000 амандмани

0
By Biljana on July 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 23, 2021 16:29

Собраниската Комисијата за европски прашања денеска го усвои дневниот ред на 23-та седница со што и официјално почна расправата по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, по скратена постапка во второ читање. Дебатата трае два дена, а веќе следната недела се очекува предлогот да се најде пред пратениците за усвојување.

Гласањето на дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а пратениците од ВМРО ДМПНЕ и Левица преку процедурални излагања се обидуваа да го спречат усвојувањето на дневниот ред. Од опозицијата реагираа дека со употребата на Европско знаменце, се урива кредибилитетот на собраниските комисии и се избегнува можноста за јавна и транспарентна дебата.

– Кога веќе сте го донеле со европско знаменце, дозволете барем тие два дена пратениците да си кажат што имаат. Ваквата практика што ја воведувате ќе направи во ова Собрание комплетна измена на деловникот за работа, да нема потреба од ниту една Комисија, сите да ни доаѓаат со европско знаменце, реагираше координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој го праша претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, до каде се поднесените амандмани за оваа расправа, бидејќи тие како пратеници до пред стартот на Комисијата не ги добиле документите. Адеми, пак, му одговори дека амандманите сè уште се обработувале.

Алијанса за Албанците на став дека ќе ги поддржат сите амандмани кои ќе бидат конструктивни и во интерес на подобро законско решение. Од партијата се децидни дека предлог измените на законот се за сите оние граѓани кои имаат потреба од вакво законско решение.

– Овој предлог-закон е за тие што се оставени надвор и затоа ќе го усвоиме секој конструктивен предлог, рече координаторот на АА, Скендер Реџепи.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски предложи да се организира јавна дискусија во Собранието за државјанствата, на која ќе присиствуваат министерот или заменик-министерот за внатрешни работи.

Пратениците од опозициските партии доставија над 1000 амандмани.

Инаку, Законот за државјанство првично беше инициран од Алијансата за Албанците и од Алтернатива, а со него е предвидено државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство.

Првично Алијанса и Алтернатива бараа државјанство да се добива и само со присуство на тројца сведоци што наиде на остри реакции и негодувања кај останатите политички партии во Парламентот.
Сегашниот предлог текст предвидува повеќе различни критериуми врз основа на кои едно лице ќе може да побара да му биде издадено македонско државјанство.

Станува збор за извод од матичната книга на родени, доказ за завршено учебна година (свидетелство, уверение или диплома), доказ за заснован работен однос со М1 / М2 образец, работничка книшка. Еден од критериумите е и доказ од УЈП оти лицето е данолен обврзник, а како потврда ќе се прифаќаат и сметки за платена струја, вода, парно или телефонски услуги.

Може да се поднесе и доказ за платен данок согласно законските регулативи кои во тој период важеле во Македонија, како данок од личен доход на работниците, данок од личен доход од вршење земјоделска дејност, данок од личен доход од самостојно вршење на стопанска и професионална дејност, данок на приходи од имот и имотни права, данок на имот и данок на наследство и подарок.

Како валиден документ врз основа на кој би можело да се добие државјанство, предлог законот предвидува тоа да може да е патна исправа издадена од поранешната СФРЈ или од земјава, лична карта издадена од поранешната СФРЈ или државава, лична карта за странци, здравствена книшка, извештај, потврда, отпусно писмо или друг документ со кој се докажува извршено лекување во јавни здравствени установи во Северна Македонија, поседовен или имотен лист на име на барателот, штедна книшка за депонирање на заштеди во банка (правно лице) основана од Република Северна Македонија согласно закон, други докази издадени од надлежни државни органи со кои ќе се потврди постојаното живеалиште на територијата на земјава и свидетелствата кои се издадени од 1991 до 1998 година за лицата родени од 1984 година до 1991 година.

Со измените се кратат и годините на престој во државата потребни за добивање државјанство од осум на седум.

Биљана Божиновска

Закон за државјанство Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.